25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп договори нов бизнис: Јапонија купува авиони F-35

Трамп договори нов бизнис: Јапонија купува авиони F-35

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил денеска дека Јапонија планира да купи 105 борбени авиони од американскиот производител F-35, што значи дека ова ќе биде најголема флота меѓу американските сојузници.

“САД ги поддржува напорите на Јапонија за подобрување на своите одбранбени способности и во текот на последниве неколку месеци ние испративме голема количина на воена опрема”, изјави Трамп на конференцијаta во Токио, каде што е во четиридневна посета.

Тој додал дека со Абе постигнал договор за соработка во областа на истражување на вселената и дека САД и Јапонија ќе одат на Месечината и на Марс многу брзо. Трамп изјавил дека од воена гледна точка, не постои ништо поважно во овој момент од вселената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП