Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,130.00 0.26%    KMB 5,900.05 -0.77%    MTUR 5,350.00 0%    RMDEN16 98.50 0%    RMDEN18 98.70 -0.03%    SBT 2,490.00 0.4%    STB 1,140.87 -0.58%    STBP 789.00 -2.95%    STIL 92.00 -5.15%    TETE 2,301.00 -0.14%    TNB 16,600.04 0%    UNI 2,346.84 2.21%    

Европски избори: ЕУ во следниот мандат ќе го водат народната партија и социјалдемократите

Време: 09:42

Датум: мај 27, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Институциите на Европската унија во следниот мандат ќе го водат народната партија и социјалдемократите, но ќе мора да се вклучат и либералите, кои постигнаа голем успех за бројот на местата на изборите кои завршија вчера, покажаа резултатите од изборите за Европскиот парламент (ЕП).

Последните прелиминарни резултати за Европскиот парламент покажаа дека првите места во оваа институција ги задржаа традиционалните партии на десниот и левиот центар, но дека претрпеле сериозна загуба во бројот на пратеници во парламентот. Либералите постигнаа значителен пораст, додека во Франција, Италија и Унгарија доминираат десничарите.

Европската народна партија добила 178 места, социјалистите и демократите 152, Либералната алијанса и демократите плус три национални партии 108, Зелените 67, Европски конзервативци и реформисти 61, Европа на нации и слобода 55, Европа на слобода и директна демократија (Движење 5 ѕвезди + партија за брегзит) 53, Европската обединета левица / Северна зелена левица 39, Независни парламентарци седум и други 31.

Две најсилни партии остануваат Европската народна партија со 178 мандати (38 помалку од досега) и социјалистите со 153 пратеници (34 помалку отколку во досегашниот состав). Либералите (АЛДЕ) се трета политичка сила, кои заедно со пратениците од листата на францускиот претседател Емануел Макрон имаат 109 мандати (40 повеќе од досега). Зелените добија 64 мандати, односно 12 повеќе од досега. Францускиот претседател Емануел Макрон, еден од најголемите поддржувачи на продолжување на европскиот проект, загуби во дуелот со екстреманата десница на Марин ле Пен. Ултрадесничарите од Национален собир на Ле Пен победија со мала предност пред партијата на Макрон добивајќи 23,5 отсто гласови наспроти 22,5 отсто на партијата на Макрон.

На изборите излегоа повеќе од 51 отсто од гласачите во ЕУ, што е најмногу од првите директни избори во 1979 година, кога одзивот беше речиси 62 отсто и оттогаш е во опаѓање. Пред пет години на гласачките места излегоа само 42, 61 отсто од Европејците со право на глас.

Бидејќи ниту една од традиционалните партии не може да има мнозинство во парламентот, тие ја потврдија својата подготвеност да соработуваат со блиски партии за благосостојбата на Европа. Претставниците на народната партија и социјалдемократите ја потврдија подготвеноста да работат заедно и да ги вклучат либералите во утврдувањето на програмата за следните пет години.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Брегзит ги “потопи” инвестициите: Најспор годишен раст на економијата од 2010 година

    Брегзит ги “потопи” инвестициите: Најспор годишен раст на економијата од 2010 година

    Британската економија за три месеци заклучно со септември 2019 година порасна со најниската годишна стапка за повеќе од една деценија. „Вината“ за лошиот резултат се…

  • МФ анализа: Приходите од прогресивниот и повисоката стапка на данок на личен доход пониски за 51,2% во однос на потенцијалот

    МФ анализа: Приходите од прогресивниот и повисоката стапка на данок на личен доход пониски за 51,2% во однос на потенцијалот

    Приходите кои можеле да се приберат од прогресивното оданочување и повисоката стапка на личен доход се помали за 51,2% во однос на потенцијалот, покажува анализата…

  • Кинезите надвор од банкарското кредитирање ја финансираа економијата со 31 милијарди долари

    Кинезите надвор од банкарското кредитирање ја финансираа економијата со 31 милијарди долари

    Вкупното финансирање на кинеската реална економија (TSF) надвор од конвенционалното банкарско кредитирање на крајот на октомври изнесуваше 219,6 трилиони јуани (31.400 милијарди долари), што е…

  • Поскапуваат горивата

    Поскапуваат горивата

    Бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за денар, а Еуросупер БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска…

  • Како настана Денот на самците во Кина

    Како настана Денот на самците во Кина

    Денот на самците, исто така познат како празник на двојни единаесетки 11.11 е празник на луѓето кои не се во брак, ден на неприфатените и…

  • Почина Љубе Рајевски, долгогодишен директор и член на Управниот одбор во НЛБ Банка

    Почина Љубе Рајевски, долгогодишен директор и член на Управниот одбор во НЛБ Банка

    По тешко боледување на 10 ноември 2019 година почина Љубе Рајевски. Роден е на 11 март 1955 година во Скопје. Рајевски беше долгогодишен директор и…

  • Како настанала касичката во облик на свиња?

    Како настанала касичката во облик на свиња?

    Долго време пред да се изградат првите банки, колку што знаеме во 15 век, луѓето обично своите заштеди ги чувале во тегли за кујна. Во…

  • Не издржаа ниту една ноќ – украдени дрвцата кај поликлиниката „Чаир“

    Не издржаа ниту една ноќ – украдени дрвцата кај поликлиниката „Чаир“

    Непознати сторители изминатава ноќ украле девет украсни садници од јавното зеленило пред Поликлиниката „Чаир“ кои екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ги засадија во текот…

  • ЦГК: Најмногу институции со „ограничено“ ниво на транспарентност во јавните набавки

    ЦГК: Најмногу институции со „ограничено“ ниво на транспарентност во јавните набавки

    Министерствата, владините секретаријати и Собранието просечно исполнуваат 55,2 проценти од критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во целиот циклус на јавните набавки. Ова е мало…

  • Претставена петодневната новогодишна програма во Будва и будванските хотели

    Претставена петодневната новогодишна програма во Будва и будванските хотели

    Туристичката организација на општина Будва, подготви петдневна програма за новогодишните празници што ќе започне во сабота на 28 декември и ќе трае се до раните…