19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзутринава почувствуван земјотрес во Пехчево

Изутринава почувствуван земјотрес во Пехчево

Изутринава бил почувствуван земјотрес во околината на Пехчево со јачина од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, во 3.51 часот регистрин е земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 13 километри северозапазно од Пехчево.

,,Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.3, а беше почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала”, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП