13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна бербата на вишни во Малешевијата

Започна бербата на вишни во Малешевијата

visni

На подрачјето на општините Делчево, Пехчево и Берово почна бербата на вишните.

Набраните вишни се транспортираат и се складираат во коморите на Ладилникот на Комбинатот „Рудине„.

– Задоволни сме од квалитетот и квантитетот на годинашниов род и од  субвенциите што ги добиваме од Владата, изјави Љубица Трајановска – Гоцевска.

Откупната цена на вишните зависи од понудата и побарувачката. Бидејќи годинава родот е обилен цената за килограм вишни од прва класа е пониска од минатогодишната  и изнесува 28 денари.

Последниве неколку години на ова подрачје ,кое има одлични почвено-климатски услови за  развој на овоштарството,се подигнати стотици хектари со нови насади под вишна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП