Судот и нареди на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да престане со користење на парите од фондот на Министерството за одбрана за изградба на ѕидот на американската јужна граница со Мексико.
Судот смета дека американскиот Конгрес не дал ,,специфична” дозвола на администрацијата за парите да ги искористи за изградба на граничниот ѕид, пренесува Tanjung.
Со одлуката на судот, администрацијата на Трамп веќе нема да може да користи милијарди долари, кои беа издвоени од фондот на Министерството за одбрана.
“Позицијата во која Конгресот го одбива барањето на извршната власт, а она наоѓа начин да ги потроши парите без одобрување од Конгресот, не е во согласност со основните принципи на поделба на власта, кои датираат уште од најраните денови на нашата Република”, се наведува во одлуката на судот.
Одлуката се однесува на два делови на ѕидот, во Ново Мексико во должина 74 километри, и во Аризона, во должина од осум километри.