20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон смета дека Нотр Дам можно е да се обнови за пет...

Макрон смета дека Нотр Дам можно е да се обнови за пет години, експертите скептични

Францускиот претседател Емануел Макрон изјавил дека петтгодишниот рок за обнова на катедралата Нотр Дам, која беше значително оштетена во големиот пожар на 15 април, возможен е без да се доведе во прашање квалитетот на обновувањето, но некои експерти изразиле скептичност.

“Тој петгодишен рок е можен и без доведување во прашање на квалитетот на материјали и работа”, оценил Макрон за време на говорот во чест на Јапонецот Арати Изозакијен, добитник на наградата Pricker, кое е најважно признание во областа на архитектурата.

Францускиот претседател изјавил дека многумина изразиле загриженост дека работите може да се направат во таков густ рок и додал дека презема одговорност за почитување на тој рок.

Катедралата Нотр Дам, средновековна градба на готска архитектура во срцето на Париз кај реката Сена, на 15 април беше погодена од огромен пожар што беше изгаснат после неколку часа. Пожарот го зафати таванот, дел од покривот и ја сруши кулата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП