Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,130.00 0.26%    KMB 5,900.05 -0.77%    MTUR 5,350.00 0%    RMDEN16 98.50 0%    RMDEN18 98.70 -0.03%    SBT 2,490.00 0.4%    STB 1,140.87 -0.58%    STBP 789.00 -2.95%    STIL 92.00 -5.15%    TETE 2,301.00 -0.14%    TNB 16,600.04 0%    UNI 2,346.84 2.21%    

НЛБ Банка – носител на признанието „Компанија ориентирана кон луѓето“

Време: 14:49

Датум: мај 23, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

Во рамките на овогодинешната 11. Меѓународна конференција за човечки ресурси „HR – the catalyst of transformation“, Македонската Асоцијација за човечки ресурси – МАЧР ја одликуваше НЛБ Банка АД Скопје со плакета „Компанија ориентирана кон луѓето“.

НЛБ Банка е прва компанија која стана член на корпоративниот одбор на МАЧР и горд носител на признанието „Компанија ориентирана кон луѓето“.

Претседателот на Асоцијацијата за човечки ресурси, Дарко Петровски, му ја врачи плакетата на Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Антонио Аргир, кој по тој повод изјави: „НЛБ Банка отсекогаш била и во иднина уште посилно ќе биде посветена на луѓето, на нашите клиенти, но пред сè, на нашите сегашни и идни вработени. Ние сме голема Банка, семејство од над 900 луѓе. Постојано инвестираме во луѓето, грижливо ги третираме и се трудиме да им овозможиме работно опкружување кое ќе ги сплоти нивното знаење и инвентивност со идните потреби на клиентите и заедницата. Продолжуваме да креираме современи и предизвикувачки работни места за успешни кариери. Поттикнуваме личен развој, верувајќи дека растот е битна состојка на личната среќа. Нам ни е најваважно нашите вработени да се среќни, како на работното место, така и во приватниот живот, затоа што задоволни вработени се грижат и за среќни и задоволни клиенти. Продолжуваме заедно, за се што следи!“

Амблемот „Компанија ориентирана кон луѓето“ од оваа година им се доделува на компании кои даваат значење на професијата менаџмент со човечки ресурси. НЛБ Банка како компанија која континуирано покажува активна свесност за значењето на човечкиот капитал, ги почитува стандардите во управувањето со луѓе и во иднина ќе продолжи да ги поттикнува вработените да го достигнат и применат својот потенцијал и заеднички да ја градат визијата за долготрајна благосостојба.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Alibaba излегува на Хонгконгшката берза

    Alibaba излегува на Хонгконгшката берза

    Кинеската компанија за онлајн трговија Alibaba планира во последната недела од ноември да излезе на Хонгконгшката берза, со цел да се соберат до 15 милијарди долари.…

  • Алкалоид АД Скопје дел од најголемиот глобален саем на фармацевтската индустрија

    Алкалоид АД Скопје дел од најголемиот глобален саем на фармацевтската индустрија

    „Алкалоид АД Скопје“ од 5-7 ноември годинава настапи како излагач на најголемиот саем на фармацевтската индустрија во светот: CPhI (Convention on Pharmaceutical Ingredients) кој се одржа во…

  • Бафет со Toyota инвестира во електрични автомобили

    Бафет со Toyota инвестира во електрични автомобили

    Најголемиот светски продавач на автомобили Toyota Motor ќе формира заедничко вложување со кинеската компанија BID, која 25 проценти е во сопственост на инвестицискиот фонд Berkshire Hathaway,…

  • Нискобуџетна авиокомпанија ги откупи слотовите на Thomas Cook

    Нискобуџетна авиокомпанија ги откупи слотовите на Thomas Cook

    Британски EasyJet купи од пропаднатата туристичка агенција Thomas Cook слотови на лондонскиот аеродром Gatwick и на аеродромот Bristol за 46 милиони долари. Како дел од договорот,…

  • Шпаркасе со преземање на Охридска банка станува четврта банкарска групација со 14 проценти пазарен удел

    Шпаркасе со преземање на Охридска банка станува четврта банкарска групација со 14 проценти пазарен удел

    Австриската Штаермаркише Банка и Шпаркасе, кои веќе се присутни во земјава 10 години, од 4 ноември се сопственици и на Охридска Банка. Со тоа станаа…

  • Промашена инвестиција: Позната компанија изгуби 150 милиони долари за еден ден

    Промашена инвестиција: Позната компанија изгуби 150 милиони долари за еден ден

    Милијардерите кои стојат зад производителот на детски играчки Lego за само еден ден изгубија 150 милиони долари по една неуспешна инвестиција, објави Bloomberg. Компанијата Kirkbi на фамилијата…

  • Витаминка АД Прилеп прокнижи помала добивка во однос на истиот период лани

    Витаминка АД Прилеп прокнижи помала добивка во однос на истиот период лани

    Витаминка АД Прилеп за периодот Јануари – Септември 2019 година оствари позитивен финансиски резултат на износ од 9.628 илјади денари. Остварените единечни вкупни приходи во…

  • Калифорнија започна истрага против Facebook

    Калифорнија започна истрага против Facebook

    САД предупредуваат дека Facebook и другите големи компании се изложуваат на потенцијална кражба на податоци и ги зголемуваат цените за рекламирање. Калифорнија го испитува facebook за…

  • Враќање на патеката на профит: Deutsche Bank оствари добивка прв пат од 2014 година

    Враќање на патеката на профит: Deutsche Bank оствари добивка прв пат од 2014 година

    Deutsche Bank објави дека минатата година ја регистриралa првата нето добивка од 2014 година. Добивката од 341 милиони евра за 2018 година е под консензусот…

  • Македонски Телеком ја зголемува добивката и бележи раст на корисничката база во третиот квартал на 2019

    Македонски Телеком ја зголемува добивката и бележи раст на корисничката база во третиот квартал на 2019

    Пораст на бројот на корисниците во секој сегмент на услуги: интернет, телевизија и постпејд мобилни услуги   Нето добивката во третиот квартал е зголемена за…