Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,275.91 1.05%    ELEKTKU1 25.00 0%    ERMT 177.00 -10.15%    GRNT 943.18 0.04%    KMB 5,565.98 0.33%    MTUR 5,250.10 -0.94%    OKTA 4,507.62 -0.05%    PKB 11,800.00 7.27%    RMDEN17 99.00 1.02%    RMDEN18 98.60 -0.1%    RZLIPTE1 25.00 0%    RZUG 12.00 0%    STB 1,201.67 0.14%    TTK 1,448.32 -2.14%    

ССК со 78 економски мерки, Владата вети рокови за реализација

Време: 13:46

Датум: мај 23, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) на традиционалниот „Деловен појадок со претседателот на Владата “ достави пакет од 78 мерки  во функција на подобрување на секојдневното работење на компаниите и деловната клима во земјата.

Претседателот на Сојузот, г-ѓа Данела Арсовска, претседателот на Владата г. Зоран Заев  и заменик претседателот на Владата заедолжен за економски прашања, г. Кочо Анѓушев, во присуство на деловната заедница, дипломатскиот кор, ресорни министри, претседатели на комори,  во своите официјални обраќања ja истакнаа важноста од активно вклучување на Сојузот, во креирање политики за создавање на подобри услови за деловната заедница со континуирано јакнење на  јавно приватниот дијалог, а со тоа и на делување за раст и развој на националната економија. Пораката која деловната заедница ја упатува со економските мерки на годинешниот Деловен појадок, сублимирано е да се спроведе сериозна борба со сивата економија, да се елиминираат големиот број парафискални давачки кои го оптоваруваат стопанството, да се создадат стабилни услови за водење бизнис за да се охрабрат претпримачите и граѓаните да инвестираат и да работат  во приватен сектор, кој треба да биде двигател на економскиот раст во земјата, рече Арсовска во своето обраќање.

Сојузот подготви пакет од 78 економски мерки кои се однесуваат на  измена на законската регулатива,  административните бариери и парафискалните давачки кои се голем предизвик во секојдневието на приватниот сектор, неопходност од дигитализација, поддршка на компаниите во надворешната и внатрешна трговија, индустријата и градежништвото. Секоја од предложените мерки е утврдена согласно истакнати реални предизвици со кои се соочуваат компаниите, а врз основа на соодветна анализа, позитивни деловни практики и компаративни искуства во областа, изјави Арсовска и доби ветување од претседателот и заменик претседателот на Владата дека на истите сериозно ќе се пристапи и сооодветно реагира со точно утврдени рокови за реализација.

Во своето обраќање претседателот на Владата, Заев, упати апел до компаниите  оваа година да ги искористат сите можности кои се понудени преку Планот за економски раст и Законот за државна помош за што годинава од Буџетот се издвоени 70 милиони евра за поддршка и за развој на приватниот сектор и за домашните и странските компании. Тој додаде дека и оваа година со измените на Законот ги олесниле критериумите. со тоа што и трговските компании, кои реализираат производство стануваат корисници, исто така и компаниите од ИТ индустријата, како и компаниите од преработувачката индустрија од земјоделството, мерки кои биле предлози и од Сојузот.

Заменик претседателот на Владата, Анѓушев ги информираше присутните за досегашните резултати од реформите, странските инвестиции кои веќе започнаа со инвестициониот процес, новата Чешка инвестиција, планираниот тендер за изградба на фотоволтаици, како и новите мерки за стучно усовршување на кадарот.

На Деловниот појадок претседателството на Сојузот ги елаборираше економските мерки кои треба да се превземат за подобрување на деловниот амбиентот. Сојузот на стопански комори е познат по своите значајни достигнувања во креирањето економски мерки базирани на анализи на предизвиците и конкретни предлози за нивно надминување, мерки кои во изминатите години имаa и до 80% реализација.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Со „мерцедес“ влетал во „Трамп плаза“ и седнал на софата

    Со „мерцедес“ влетал во „Трамп плаза“ и седнал на софата

    Црн „мерцедес бенз“ влетал во лобито на „Трамп плаза“ во њујоршкото предградие Њу Рошел, при што полесно се повредени двајца минувачи и возачот, пренесува „Њујорк…

  • Индија целосно ги забрани електронските цигари

    Индија целосно ги забрани електронските цигари

    Индија воведе забрана за електронски цигари, изјави денес Нирмала Ситарман, министер за финансии на таа земја. Забраната вклучува „производство, увоз/извоз, транспорт, продажба, дистрибуција, складирање и…

  • Сугарески: Се гради нов водовод во Радовиш, ќе нема рестрикции на вода

    Сугарески: Се гради нов водовод во Радовиш, ќе нема рестрикции на вода

    Со проектот за изградба на цевковод и резервоари за вода во неколку населени места во општина Радовиш ќе обезбедиме навремена и постојана дистрибуција на вода…

  • Протест на здравствените работници: Насилството не е решение за проблемите

    Протест на здравствените работници: Насилството не е решение за проблемите

    Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ денеска претпладне во кругот на Клиничкиот центар се одржа протест во организација на Асоцијацијата на специјализанти и…

  • Европскиот парламент ја поддржа Кристин Лагард за местото претседател на ЕЦБ

    Европскиот парламент ја поддржа Кристин Лагард за местото претседател на ЕЦБ

    Европскиот парламент ја поддржа Кристин Лагард за идна претседателка на Европската централна банка (ECB), која ќе биде првата жена на оваа позиција. На пленарната седница…

  • Зошто туристите од Кина се повеќе се свртуваат кон Европа

    Зошто туристите од Кина се повеќе се свртуваат кон Европа

    Кинезите се помалку патуваат во Соединетите Американски Држави, а тензиите помеѓу Пекинг и Вашингтон се само една од причините зошто кинеските патници сè повеќе се…

  • Светската економија тешка 86 илјади милијарди претставена во еден чарт

    Светската економија тешка 86 илјади милијарди претставена во еден чарт

    Светската економија е во бескрајна состојба на флуктуација. Купувањето намирници оваа недела или полнењето на вашиот автомобил со гориво може да изгледа како грешка при…

  • BBC: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

    BBC: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

    Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз саудиските нафтени постројки за кои…

  • Јункер: Реална опасност од Брегзит без договор

    Јункер: Реална опасност од Брегзит без договор

    Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави денеска дека ризикот Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор за излез и понатаму останува „многу реален“.…

  • Македонска берза ги објави финансиските разултати на котираните друштва за првото полугодие

    Македонска берза ги објави финансиските разултати на котираните друштва за првото полугодие

    Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-30.06.2019 година. Од вкупно 101 компанија, 73 завршиле со…