28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе заканува нова економска криза

Се заканува нова економска криза

Високиот советник на германската влада Ларс Фелд предупредил на забавување на германската економија а обрна внимание и на Италија, предвидувајќи можно преливање на проблемите и на другите земји во еврозоната. Фелд во разговор за BBC изразил страв од можна нова финансиска криза во Европа.

Германската влада очекува раст од само 0,5 проценти за оваа година, додека само пред неколку месеци предвидуваа раст од 1,8 проценти. Меѓу главните причини за намалената прогноза се издвојува производствениот сектор кој притиска бројни проблеми. Италија, сепак, со сета сила се обидува да ја отстрани заканата од нова рецесија, водејќи битка со високиот јавен долг и банкарската криза, поради што сеуште е ранлива, предупредува високиот советник на германската влада во разговор за BBC.

Поради планираните повисоки буџетски трошоци од даночните приходи, италијанскиот буџетски дефицит и јавниот долг нагло се зголемуваат и се на пат да ги надминат највисоките дозволените нивоа во Европската унија, што дополнително го нарушуваат финансискиот кредибилитет на земјата. Евроскептичната влада во Рим е оптоварена со јавен долг од 132,2 проценти од БДП, според податоците на Eurostat за 2018 година, а поголем долг има само Грција. Загриженоста за таквиот висок долг може да го зголеми притисокот на италијанскиот финансиски систем.

“Банкарскиот систем во Италија не е сигурен колку што би сакале ние. Тешкотиите би можеле да се прошират на други земји особено од италијанскиот банкарски систем на оние други земји. Пред се, вреди сепак да се напомене на опасноста од ширење на проблемите од италијанската влада на целиот тамошен банкарски систем”, нагласил Фелд во разговор за BBC.

“Тоа би можело да изгледа како нова криза во еврозоната”, заклучува.

“Во изминатите три години, помош веќе побарале седум италијански банки”, потсетува Фелд.

Тој се грижи и за ризиците кои и се закануваат на најголемата економија во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП