20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМундијалот во Катар останува со 32 репрезентации

Мундијалот во Катар останува со 32 репрезентации

Светското фудбалско првенство во Катар ќе се игра со 32 репрезентации и покрај најавите за проширување на бројот на учесници на 48. Главна причина е недоволното време за подготовка за новиот формат.

  • Организацискиот одбор на Светското првенство во 2022 година не беше против зголемувањето на бројот на учесници на турнирот на 48. Катар отсекогаш бил отворен за идејата за проширување. Меѓутоа по проучувањето на проблемот заедно, беше донесен заклучок дека потребна е детална проценка на можните логистички проблеми за што ќе биде потребно повеќе време и одлуката нема да биде донесена до крајниот рок за ова прашање – јуни. Затоа беше одлучено да се остане на постојниот формат, изјавија од прес-службата на Организацискиот комитет на СП 2022.

Првично беше планирано со проширувањето на бројот на учесници на 48, покрај Катар во организацијата на Мундијалот да се вклучи уште една земја од Персискиот залив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП