26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку чини струјата во Европа?

Колку чини струјата во Европа?

Цената на електричната енергија во домаќинствата во Европската унија се зголемиле во просек на 21,1 евра за 100 киловат-часови (односно 3,5 проценти) помеѓу втората половина на 2017 година и втората половина на 2018 година, според неодамна објавеното истражување на Eurostat.

Toa значи дека просечната цена на електричната енергија во домаќинствата во ЕУ била само 0,1 евра за киловат-час повисока во однос на втората половина на 2015 година, што своевремено бил рекорд во последните десет години.

Од друга страна, во земјите членки на ЕУ цените на електричната енергија во домаќинствата во втората половина на 2018 година се движеле различно: од 10,1 евра за 100 киловат-часови во Бугарија до 30 евра и повеќе за 100 киловат-часови во Данска, Германија и Белгија.

Цените на гас за домаќинствата во просек се зголемиле за 5,7 проценти во период од втората половина на 2017 до 2018 година за 6,7 евра за 100 киловат часови.

Тоа е и понатаму 0,5 евра за 100 киловат-часови помалку отколку во втората половина на 2014 година, кога била рекордна цена за последните десет години.

Меѓу државите членки, цените на гасот во домаќинствата во втората половина од 2018 година се движеле под четири евра за 100 киловат-часови во Унгарија, Романија и Хрватска, потоа околу девет евра за 100 киловат часови во Холандија, Шпанија, Данска и Италија и повеќе од 12 евра за 100 киловат-часови во Шведска.

Најголем пораст на цените на електричната енергија помеѓу земјите членки на ЕУ (во период од втората половина на 2017 година до втората половина на 2018 година) забележан е на Кипар, 19,6 проценти, потоа во Шпанија 13,8 проценти, Холандија за 9,7 проценти, Велика Британија за 8,6 проценти, Ирска за 7,8 проценти и Естонија за 7,5 проценти.

Од друга страна, пад на цените на електричната енергија забележан е само во четири земји и тоа во Латвија од -4.5 проценти, Полска -2.5 проценти, Германија -1.6 проценти и Литванија за -0.9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП