27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно без подршка за договорот? Тереза Меј и од своите конзервативци добила...

Повторно без подршка за договорот? Тереза Меј и од своите конзервативци добила ”ладен туш”

Речиси три години откако Британија на референдумот изгласа за да се повлече од ЕУ, премиерката Тереза ​​Мај уште еднаш се обиде да добие потврда од парламентот за договорот со Брисел пред крајот на турбулентниот премиерски мандат. Меѓутоа, се чини дека повторно нема да добие поддршка.

Таа вчера апелирала на пратениците да го поддржат нејзиниот договор и понудила можност за одржување на втор референдум за тој документ и посилни трговски аранжмани со ЕУ.

Пратениците од редовите на конзервативците и лабуристите го критикуваа нејзиниот Предлог закон за повлекување, кој ги регулира условите за повлекување на Британија од ЕУ. Некои пратеници ги засилија напорите за нејзина замена.

”Од нас се бара да гласаме за царинска унија и втор референдум. Предлог законот е директно спротивен на нашиот манифест и јас нема да гласам за тоа. Можеме и мораме подобро – да испорачаме она за што гласаа луѓето”, изјави Борис Џонсон, главниот кандидат во обложувалниците за следниот британски премиер.

Поради овој застој во Лондон, не е јасно кога и дали Британија воопшто ќе го напушти блокот во кој влеза во 1973 година. Сегашниот рок за реализација на Брегзит е 31 октомври.

Фунтата утрово падна за 0,2 проценти и моментално за неа се добива 1,2681 американски долари, што значи дека ова е најслаб курс на британската валута во последните четири месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП