1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАAdidas и Nike бараат од Трамп да ги укине царините на обувки

Adidas и Nike бараат од Трамп да ги укине царините на обувки

Производителите на обувки и нивните дистрибутери Adidas, Nike, Puma и Stiv Madden го повикале американскиот претседател Доналд Трамп веднаш да ги тргне обувките од листата на стоки од Кина кои би биле цел на дополнителни царински мерки.

Трамп на 13 мај и наредил на неговата администрација да отпочне процедура за зголемување на царините на речиси целиот увоз од Кина.

“Предлогот за дополнителни обврски од 25 проценти на обувки би било катастрофално за нашите потрошувачи, претпријатија и вкупната американска економија”, се наведува во писмото на Трамп и додавајќи дека не постои сомнеж дека дополнителните царини на увезените стоки ќе ги плаќаат американските потрошувачи.

Тие царински мерки ќе влијаат и на домаќинствата со пониски приходи, се наведува во писмото.

Американските царини за стоките од Кина во вредност од 200 милијарди долари се зголемени од неодамна од десет на 25 проценти, што е нова ескалација во трговскиот спор помеѓу Вашингтон и Пекинг.

Трамп, исто така, наредил отпочнување на постапка за воведување на царини на уште околу 300 милијарди долари вредни преостанати кинески стоки. Ако биде одобрено, тие царини ќе стапат на сила веќе во наредните месеци, со што се стега обрачот околу Кина во нејзините веќе тешки трговски трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП