Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,778.34 0.9%    FERS 77,100.00 0.13%    KMB 5,203.86 0.07%    MPT 62,171.24 0.99%    OKTA 4,660.00 -2.92%    SKP 54,000.00 -17.8%    STB 1,012.59 0.06%    STIL 106.00 0%    

Од понеделник цената на бензините по новата методологија

Време: 16:44

Датум: мај 21, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Од следниот понеделник Регулаторната комисија за енергетика ќе ги утврдува цените на нафтените деривати по новата методологија, која регулаторите треба да ја донесат во следните два дена.

На прес-конференција денеска посочија дека со неа цените ќе бидат пониски од оние што се одредувале со старата, а придобивки ќе имаат и граѓаните и трговците.

Движењата на цените на секој дериват одделно на светските берзи и курсот на доларот ќе бидат најбитни елементи при одредување на цените со новите правила. Средната дневна берзанска цена ќе се утврдува согласно ПЛАЦ Јуропијан маркетскен, а ќе се работи со среден курс на доларот на Народната банка.

Од РКЕ велат дека ќе одредуваат максимални цени, над кои нема да може да оди ни една компанија, а трговците ако сакаат ќе можат да конкурираат меѓу себе со пониски цени. Наместо на 14 како досега, цените ќе се определуваат на седум дена, со цел да се намали ризикот на трговците, и да прават поточни планирања.

Маржата со новите правила ќе биде под 4,8 денари и според претседстел на РКЕ Марко Бислимовски, таа ќе им гарантира разумен профит на трговците.

-Ние добивме барање од компаниите транспортниот трошок да изнесува 0,8 и 0,85 денари, ова е бизнис кој ние не го регулираме, но во изминатиов период правевме сериозни анализи, и нема да биде прифатено ниту едното, ниту другото барање. Во однос на маржата добивме барање од 6,2, 6,5 денари и ткн. Ова се однесува на малопродажната маржа. Таа ќе биде под пет денари. Тие си ги кажаа своите барања, ние си правиме наши анализи, а ако треба да ги прифаќаме барањата на сите компании, тогаш нека нема РКЕ, секој нека си кажува какви сака цени и нека си тераат работа. Ќе направиме методологија која ќе им овозможува на трговците да остваруваат разумни профити, и тоа е во ред, немаме проблем со тоа, рече Бислимовски.

Со новиот Закон за енергетика, покрај регулирањето, една од главните цели е и обезбедување сигурност во снабдувањето и конкуреност на нафтениот пазар.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Две европски држави ќе профитираат од трговската војна

    Две европски држави ќе профитираат од трговската војна

    Франција и Германија се едни од ретките европски земји кои би можеле да профитираат од ескалацијата на трговската војна помеѓу САД и Кина, предупредуваат економистите…

  • 10 најстабилни и 10 најнестабилни држави во светот

    10 најстабилни и 10 најнестабилни држави во светот

    Во поглед на стабилноста, не се сите држави создадени подеднакво. Некои се богати, некои се сиромашни. Фондот за мир, невладина организација со седиште во САД,…

  • Лондон планира да постави 50.000 полначи за е-возила до 2025 година

    Лондон планира да постави 50.000 полначи за е-возила до 2025 година

    Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, го претстави ажурираниот план за реализација на инфраструктурата за електрични возила, кој има за цел до 2025 година да инсталира…

  • Гимназија или стручно – кое образование нуди подобра плата и посигурна работа?

    Гимназија или стручно – кое образование нуди подобра плата и посигурна работа?

    Заврши првиот уписен рок во средните училишта – полуматурантите и оваа година во најголем дел се одлучија за гимназија а во многу помал дел за…

  • Стартува повратот на ДДВ за граѓаните

    Стартува повратот на ДДВ за граѓаните

    Од 1 јули годинава граѓаните ќе бидат „инспектори“ кои ќе и помагаат на Управата за јавни приходи (УЈП) во борбата против даночната евазија преку мотивацијата…

  • ИНФОГРАФИК: Погледнете како изгледа светскиот тек на парите

    ИНФОГРАФИК: Погледнете како изгледа светскиот тек на парите

    Секоја година работниците мигранти кои живеат во други земји испраќаат пари во нивните матични земји. Протокот на пари кој е заработен во една земја и…

  • Две милијарди евра ќе бидат потребни за развој на патната инфратруктура до 2030

    Две милијарди евра ќе бидат потребни за развој на патната инфратруктура до 2030

    Патиштата се крајно важни за интеграцијата на Северна Македонија на регионалниот и европскиот пазар. Не станува збор само за цена, туку и за квалитет. Сите…

  • Во што сè повеќе вложуваат богатите американски семејства

    Во што сè повеќе вложуваат богатите американски семејства

    Шумите и зелените површини стануваат се попривлечна инвестиција за богатите американски семејства. Тој тренд зема толкав замав што Bank of America, мултинационална инвестициска банка, основала…

  • Би-би-си првпат сними кинески камп за трансформација на мисли(видео)

    Би-би-си првпат сними кинески камп за трансформација на мисли(видео)

    Би-би-си неодамна ја сними својата прва репортажа од внатрешноста на големиот комплекс на кампови со висока безбедност, во кои, наводно, живеат повеќе од еден милион…

  • ИКТ Комора: Дигитализацијата веќе не е опција, туку потреба за компаниите

    ИКТ Комора: Дигитализацијата веќе не е опција, туку потреба за компаниите

    Дигитализацијата е неопходна за брз економски раст и напредок на секоја компанија, просецот подразбира употреба на дигитална технологија за промена на бизнис моделите. Дигиталната трансформација…