Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

НБРМ: Раст на кредитите и депозитите во април

Време: 16:15

Датум: мај 21, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Раст на кредитите и депозитите е забележан во април. Податоците на Народната банка покажува дека растот е забележан и кај секторот население и кај домаќинствата. Годишно растот на депозитите е 13,1 отсто, додека кај кредитите 8,9 отсто.

Во април, вкупните кредити забележаа месечно зголемување од 0,5 отсто. Кредитниот раст на месечно ниво произлегува од зголемувањето на кредитирањето на двата сектора, што е малку поизразено кај секторот „домаќинства“ (учество во вкупниот раст од 54,0 отсто). На годишна основа вкупните кредити се зголемија за 8,9 отсто, исто така, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, што остварија речиси подеднакво учество во промената.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор овој месец бележат раст од 3,3 отсто на месечна основа, главно како резултат на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при помал придонес на долгорочните депозити во странска валута и во денари, наспроти малиот пад на краткорочните депозити во денари. Стапката на годишен раст на депозитите на корпоративниот сектор изнесува 16,9 отсто и во најголем дел се објаснува со зголемувањето на депозитните пари и на краткорочните депозити во странска валута, но исто така мал раст има и кај краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута и во денари.

Кај кредитите на корпоративниот сектор во април, е евидентирано месечно зголемување од 0,4 отсто, што се должи на зголеменото кредитирање на корпоративниот сектор во денари, во услови на мал пад кај кредитирањето во странска валута. Споредено на годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор забележаа раст од 8,5 отсто, што во поголем дел се објаснува со зголеменото денарско кредитирање (учество од 77,9 отсто).

Во април 2019 година, вкупните депозити на домаќинствата се зголемија за 1,4 отсто на месечно ниво, главно одразувајќи го растот на депозитните пари (91,0 отсто придонес во растот). Годишниот раст изнесува 9,6 отсто и произлегува од зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари и во странска валута.

Вкупните кредити на домаќинствата во април имаат месечно и годишно зголемување од 0,5 отсто и 9,3 отсто, соодветно. Според валутната структура, зголемената кредитна активност на домаќинствата во поголем дел произлегува од кредитите одобрени во денари (со придонес од 57,9 отсто и 71,6 отсто кон месечниот и годишниот раст, соодветно).

Во април, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити забележаа месечно зголемување од 1,2 отсто и 0,7 отсто соодветно, при годишно зголемување од 10,9 отсто и 13,2 отсто, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити забележаа месечно зголемување од 1,2 отсто, при годишен раст од 2,4 отсто, додека кредитите одобрени на кредитни картички на месечно и годишно ниво остварија намалување од 0,2 отсто и 0,7 отсто, соодветно. Во април, негативните салда на тековните сметки бележат месечно намалување од шест отсто, а на годишна основа се зголемени за 1,1 отсто, додека кредитите одобрени врз други основи остварија месечен и годишен пад од 0,9 отсто и 7,8 отсто, соодветно.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • РБ Лајпциг полуфиналист во Лигата на шампионите

    РБ Лајпциг полуфиналист во Лигата на шампионите

    Екипата на РБ Лајпциг е изненадувачки полуфиналист во Лигата на шампионите, откако ги совлада Атлетико Мадрид во второто четвртфинале од Лигата на шампионите, што се…

  • Сончево и топло со мала до умерена облачност

    Сончево и топло со мала до умерена облачност

    Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.…

  • Глобалните инвестиции во деловен имот падна за 29% во првата половина

    Глобалните инвестиции во деловен имот падна за 29% во првата половина

    Влијанието на пандемијата на новиот коронавирус – ковди-19 се чувствува и на глобалните пазари на недвижности, а во првата половина од годината обемот на инвестиции…

  • Продолжува војната: САД ги задржува тарифите за европските стоки

    Продолжува војната: САД ги задржува тарифите за европските стоки

    Соединетите држави најавија дека ќе ги задржат казнените тарифи за увоз на стоки од Европската унија и Велика Британија во износ од 7,5 милијарди долари,…

  • Коронавирусот во Германија доаѓа најмногу од Косово

    Коронавирусот во Германија доаѓа најмногу од Косово

    Германскиот институт „Роберт Кох“ (РКИ) направи список на земји во кои Германците најмногу се заразиле со коронавирус, а Косово е на самиот врв на тој…

  • МБА: Банкарскиот систем е сигурен и стабилен, ниту една друга банка не е изложена на ризик

    МБА: Банкарскиот систем е сигурен и стабилен, ниту една друга банка не е изложена на ризик

    Ниту една друга банка не е изложена на ризик што може да се одрази на нарушување на нејзината стабилност и солвентност. Банкарскиот систем се одликува…

  • Нови 141 заразени со Kовид 19 во земјава, починале 2 лица

    Нови 141 заразени со Kовид 19 во земјава, починале 2 лица

    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-48, Куманово-21, Дебар-2,…

  • Неколку начини за зголемување на самодовербата

    Неколку начини за зголемување на самодовербата

    Самодовербата е прекрасна особина, ако ја поседувате. Таа ви е сојузник кога сакате да се претставите блескаво на интервју за работа или да му се…

  • КУД Илинден со ревија на народни носии и концерт на традиционална музика и игра ќе одбележи 65 години постоење

    КУД Илинден со ревија на народни носии и концерт на традиционална музика и игра ќе одбележи 65 години постоење

    Оваа година КУД Илинден Битола одбележува 65 години од основањето, 65 години културно творештво, 65 години опстојување, 65 години горди чувари на македонската традиција. Амбасадори…

  • УХМР најавува за викендов невреме со пороен дожд и грмежи

    УХМР најавува за викендов невреме со пороен дожд и грмежи

    За време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во…