26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо крајот на векот многу повисоко ниво на морето од очекуваното?

До крајот на векот многу повисоко ниво на морето од очекуваното?

Научниците изразија уверување дека нивото на морето може да се зголеми многу повеќе отколку што се очекуваше поради брзото топење на мразот на Гренланд и Антарктикот.

Долго време владеело мислењето дека до 2100 година нивото на светските мориња би можело да се зголемат максимално под еден метар. Сепак, во новото истражување, врз основа на стручни мислења, проекциите се дека нивото на раст би можело да биде повеќе од двојно повисоко од очекуваното. Авторите на истражувањето укажуваат дека ова може да значи раселување на повеќе стотици милиони луѓе.

BBC потсетува дека прашањето за пораст на нивоата на морињата е едно од најконтроверзните на кои укажувал Меѓудржавниот панел за климатски промени (IPCC), кога бил објавен петти по ред извештај за проценка во 2013 година. Тогаш е наведено дека поради континуирано затоплување на планетата, без значително намалување на штетните гасови, до 2100 година нивото на светското море ќе се зголеми помеѓу 52 и 98 сантиметри.

Научниците, исто така, изразиле загриженост дека моделите кои во моментов се користат за предвидување на влијанието на поголемиот мраз на морското ниво не вклучуваат какви било сомнежи во врска со начинот на кои се топи. Со цел да се добие појасна слика, некои водечки експерти извршиле, како што се наведува, структурна проценка на настаните во Гренланд, западен и источен Антарктик.

Според мислењето на експертите, ако се продолжи со испуштањето на штетни гасови според моменталните мерења, тогаш светското ниво на морето до 2100 година ќе се зголеми помеѓу 62 и 238 сантиметри. Тоа ќе се случи ако дојде до зголемување на температурата за околу пет степени Целзиусови, што би било најлошо можно сценарио за глобалното топење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП