16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖена од Полска роди шесторка

Жена од Полска роди шесторка

Дваесет и деветгодишна жена денес во Полска роди шесторка, што е прв случај во земјата.

Бебињата, од кои четири се девојчиња, се родени со царски рез на Универзитетската болница во Краков, Полска.

Мајката и новороденчињата се добри, објави АП, истакнувајќи дека веројатноста да се роди шесторка е една во пет милијарди.

Претседателот Анджеј Дуда им честита на родителите и на лекарите на „Твитер“, а локалниот фудбалски клуб „Краковија“ им понуди доживотни билети за нивните натпревари со порака дека им држат палци на бебињата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП