25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧешка против ''двојниот квалитет'' на прехранбени производи во ЕУ

Чешка против ”двојниот квалитет” на прехранбени производи во ЕУ

Владата забранила продажба на прехранбени производи со понизок квалитет од оние кои под исто име се продаваат во западна Европа.

Чешката влада соопштила дека усвоила план за амандман со кој се забранува продажба на прехранбени производи со понизок квалитет од оние кои под исто име се продаваат во Западна Европа.

“Целта е да осигураме чесен однос кон нашите потрошувачите и можност за избор на производи од ист квалитет како оние што се продаваат западно од нашите граници”, изјавил министерот за земјоделство, Мирослав Томан.

На тој проблем редовно ги предупредуваат другите земји од централна и источна Европа, а се однесува на големи мултинационални компании, изјавил тој, но не кажал конкретни примери.

“Непочитувањата на правилата ќе биде казниво со парична казна до 50 милиони круни (1.94 милион долари)”, прецизирал министерот.

“Помалку кремаста Nutella”

Текстот на амандманот, кој наскоро ќе биде доставен за гласање во Долниот дом на Парламентот,го усвоила Владата на популистичкиот милијардер Андреј Бабиш.

Предупредување на разликите во квалитетот на некои производи  со исто пакување е дел од изборната кампања покренета од шефот на Владата, кој, според истражувањата е фаворит на изборите.

“Ова е важна тема, и тоа не само во очи на европските избори”, изјавил Бабиш.

Унгарија и Словачка претходно предупредуваа на продажба на производи со понизок квалитет во некои “нови” земји на Европската Унија и го навеле примерот со Nutella, која е “помалку кремаста”, Coca Cola со “помалку богат вкус” или “помалку интензивен Nesquik на Nestle”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП