13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ негира дека европските автомобили се закана за САД

ЕУ негира дека европските автомобили се закана за САД

Европската унија денес ги отфрлила тврдењата дека извозот на европските автомобили претставува закана за САД, откако американскиот министер за трговија, Вилбур Рос, оценил дека увозните возила и автоделови ја загрозуваат националната безбедност.

Портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Скињас, изјавила дека ,,ЕУ и САД се партнери во областа на безбедноста па така ни американски ни европски производи не можат да претставуваат безбедносна заказа за другата страна”.

Американскиот претседател Доналд Трамп за шест месеци го одложил донесувањето на одлуката за царини за странските автомобили, што особено ќе ја погоди Јапонија и Европа.

Трамп се надева дека заканата за царини за автомобилите ќе биде доволен притисок да ги отфрли отстапките во тековните трговски преговори.

Скињас изјавил дека “ниту САД, ниту ЕУ не можат да имаат интерес да влезат во трговски конфликт”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП