18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Доларот за 10 години нема да владее со светот“

„Доларот за 10 години нема да владее со светот“

Шефот на руската “Sberbank”, Херман Греф, изјавил дека во наредните 10 години светот ќе најде алтернатива на американскиот долар, како водечка валута во меѓудржавните трансакции.

Како што истакнал, процесот на “дедоларизација” има економско оправдување.

Како пример, Греф ја навел кинеската валута, која е далеку перспективна во однос на неговиот развој.

Меѓутоа, денес не постои алтернатива на доларот и насилниот метод на исфрлање на американски валути во овој момент би предизвикал колапс на финансискиот пазар, додаде Греф.

„Америка многу напредуваше по прашањето на технологија во однос на остатокот од светот, што користи како инструмент геополитички притисок. Меѓутоа, ќе се појават алтернативни финансиски инструменти“, навел директорот на “Sberbank”.

Греф додал дека, покрај јуанот, во голема мера перспективно е и еврото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП