29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп лани заработил 434 милиони долари

Трамп лани заработил 434 милиони долари

Хотелите и останатите објекти и компании во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп, лани заработиле 434 милиони долари, соопшти Канцеларијата за етичка контрола на Администрацијата на САД.

Оваа сума е помала од приходите во 2017 година, кога од својот имот Трамп заработи 450 милиони долари.

Според податоците на Канцеларијата за етичка контрола, луксузниот хотел на Трамп во Вашингтон лани заработил 41 милион долари, што е повеќе отколку една година претходно, но приходите на одморалиштето Мар-а-Лаго изнесувале 22,7 милиони долари, што е за 2,5 милиони помалку отколку во 2017 година.

Во извештајот на Канцеларијата покрај приходите и целиот имот во сопственост на Трамп, наведени се и неговите долгови.

Трамп од преземањето на претседателската функција одбива сопственоста над своите компании да им ја препушти на други лица, поради што неговите критичари сметаат дека тој има судир на интереси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП