Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,298.51 0.02%    FERS 74,000.00 1.36%    GRNT 1,034.77 0.65%    INPR 1,500.00 0%    KMB 6,279.63 -0.19%    MKSD 193.00 0.52%    MPT 76,500.00 0.08%    OKTA 4,700.00 2.17%    RZUS 75.00 -9.64%    SBT 2,590.73 3.49%    STB 1,180.00 0.09%    STIL 92.00 0.19%    TEL 310.00 0%    TNB 16,550.00 -0.18%    TTK 1,530.62 0.7%    UNI 2,390.00 1.27%    ZILU 150.00 8.7%    ZPKO 1,470.00 0%    

Гувернерката во Брисел: Позитивни оцени од ЕК за монетарната политика, продолжуваме интензивно да работиме на јакнење на финансиската стабилност

Време: 16:28

Датум: мај 17, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

„Најдобриот придонес што ние како централната банка можеме да го дадеме за зголемување на нивото на странски директни инвестиции во нашата земја е остварувањето на нашите клучни цели: одржување на ценовната стабилност и одржување и зајакнување на стабилноста на финансискиот систем. Успешно ги остваруваме овие наши цели. Макроекономската и финансиската стабилност е основа на инвестициската клима – таа ја намалува премијата на ризик на економијата и привлекува странски инвеститори, а придонесува и за зголемување на домашните заштеди.“ – нагласи гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска на тематската дискусија посветена на структурните реформи и странските директни инвестиции,  во рамки на Економскиот и финансиски дијалог меѓу Европската Унија (ЕУ) и Западен Балкан и Турција, одржана денес во седиштето на Советот на ЕУ во Брисел.

Осврнувајќи се на големиот број мерки и активности коишто ги презеде Народната банка во изминатиот период за да обезбеди уште поголема стабилност и отпорност на банкарскиот систем на земјава, таа меѓу другото посочи на воведувањето на капиталните барања во согласност со Директивата на ЕУ и со капиталната спогодба Базел III. Во своето излагање, гувернерката се осврна и на промените во регулативата спроведени од Народната банка, со цел натамошно јакнење на корпоративното управување на деловните банки, како и на бројните мерки за подобрување на квалитетот на средствата на банкарскиот систем  и за намалување на евроизацијата.

„Продолжуваме интензивно да работиме на зголемување на стабилноста на банкарскиот систем, како клучен столб на финансискиот систем. На тој начин ќе придонесеме за посилна, но одржлива финансиска поддршка на реалниот сектор. Ќе продолжиме со зајакнување на надзорот на систематски значајните банки, со зајакнување на  макропрудентниот капацитет и ќе придонесеме за натамошен развој на алтернативните финансиски инструменти, иновативното финансирање, продлабочување на финансиските пазари и поттикнување на  финтек услугите кај нас“ – порача Ангеловска-Бежоска во Брисел.

Тематската дискусија во рамки на годинешниот Економски и финансиски дијалог помеѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција беше посветена на структурните реформи што ќе ги спроведуваат земјите кандидатки за членство во ЕУ, со цел привлекување повеќе странски директни инвестиции и зацврстување на своите економии. На неа учествуваа голем број гувернери на централни банки и министри за финансии.

Претходно на настанот, претставниците на земјите од ЕУ и земјите од Западен Балкан и Турција ги усвоија заедничките заклучоци од годишниот економски и финансиски дијалог. Заклучоците содржат исклучиво позитивни оцени за поставеноста на монетарната политика кај нас, и воопшто, за заложбите на Народната банка за исполнување на насоките на ЕУ дадени минатата година во однос на Програмата за економски реформи. Европската комисија (ЕК) нагласува дека минатата година Народната банка во целост ја исполни препораката за монетарната поставеност и водеше приспособлива монетарна политика, одржувајќи ниска инфлација.

Во своите оцени, ЕК ги истакнува и заложбите на Народната банка за подготовка и развивање на сеопфатната Стратегија за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните кредити и на Стратегијата за денаризација, изготвени во соработка со Министерството за финансии.

На регионално ниво, нашава земја и Албанија имаат највисока реализација на проектите и мерките од Програмата за економски развој од минатата година.

На Економскиот и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција учествува и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Двете светски сили постигнаа трговски договор

    Двете светски сили постигнаа трговски договор

    Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави дека САД ја постигнале таканаречената прва фаза од трговскиот договор со Кина. Според неа, Вашингтон ќе се откаже…

  • Со мали чекори кон крајот на војната: САД ги укинаа санкциите кон три руски компании

    Со мали чекори кон крајот на војната: САД ги укинаа санкциите кон три руски компании

    Министерството за финансии на САД ги укина санкциите кон три руски компании, се вели во документот објавен на веб страницата на Министерството. Од американскиот список…

  • Најмногу струја во Европа извезува Франција, а увезува Италија

    Најмногу струја во Европа извезува Франција, а увезува Италија

    Франција е најголем извозник на електрична енергија во Европа за 11 месеци оваа година, а Италија најголем увозник, покажа студијата за европски интерконекторски пазар. Студијата на…

  • „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ стабилен

    „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ стабилен

    Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ со стабилен изглед. Како што наведуваат од агенцијата, ова се должи на низата кохерентни…

  • Во Македонија месечно се градат станови колку во половина Европа годишно

    Во Македонија месечно се градат станови колку во половина Европа годишно

    Во Македонија бројот на изградени станови месечно е колку во поголем број од европските земји за 12 месеци односно за цела година. Податоците од Меѓународниот…

  • Вработените во јавниот сектор ќе чистат на 20 локации во Скопје

    Вработените во јавниот сектор ќе чистат на 20 локации во Скопје

    Акција за чистење на 20 скопски локации во која ќе се вклучат вработените од јавниот сектор ќе се одржи денеска и на тој начин ќе…

  • Облачно со дожд, а на планините снег

    Облачно со дожд, а на планините снег

    Времето во Република Северна Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови,…

  • Македонски квалитет 2019 – Арсовска и Пендаровски ги доделија престижните признанија

    Македонски квалитет 2019 – Арсовска и Пендаровски ги доделија престижните признанија

    Во свечена атмосфера, во присуство на бројни гости, министри, претставници на институции и на дипломатскиот кор, соработници, традиционално и годинава беа доделени десетте признанија за…

  • До една милијарда евра годишно може да се слеат во земјава од ЕУ како поддршка за бизнисот

    До една милијарда евра годишно може да се слеат во земјава од ЕУ како поддршка за бизнисот

    Компаниите од Македонија малку ги искористуваат средствата што им се нудат од европските фондови, но доколку бидат поактивни и поинформирани, во земјава може да влегуваат…

  • Европските берзи силно пораснаа на крајот на неделава

    Европските берзи силно пораснаа на крајот на неделава

    На европските берзи утрово цените нагло се зголемија, по вестите за трговскиот договор меѓу САД и Кина и убедливата победа на Конзервативната партија на парламентарните…