Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,778.34 0.9%    FERS 77,100.00 0.13%    KMB 5,203.86 0.07%    MPT 62,171.24 0.99%    OKTA 4,660.00 -2.92%    SKP 54,000.00 -17.8%    STB 1,012.59 0.06%    STIL 106.00 0%    

Тестирање на 5G технологија – партнерство на Македонски Телеком и ФЕИТ

Време: 13:40

Датум: мај 17, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

Студентите на ФЕИТ меѓу првите ќе ја тестираат новата технологија што ќе се воведе во Европа по 2020 година

Денес, во Скопје, по повод 17 мај – Светскиот ден на телекомуникациите, Македонски Телеком и ФЕИТ објавија партнерство за тестирање на 5G технологија.
Македонски Телеком ќе инсталира 5G опрема и уреди за тестирање со што ќе им овозможи на студентите и професорите први да работат на функционалностите на овој нов технолошки стандард. Добиените резултати ќе се користат за научни цели и унапредувања на услугите кои во иднина ќе им бидат достапни на корисниците.

Тестирањата ќе се прават на новата опрема од Македонски Телеком и во новата 5G Evolution Laboratory“ во рамки на Лабораторијата за безжични и мобилни мрежи, која припаѓа на Институтот за телекомуникации на ФЕИТ.
„Нашите професори и студенти повеќепати се наградувани со престижни признанија за проекти што се развивале во постојната лабораторија. Отсега, со новата 5Ge опрема и уреди, во новоформираната лабораторија ќе ја имаме првата и единствена можност во земјава за тестирање, експериментирање и проучување на реални сценарија поврзани со идните технологии. Реалното тестирање на оваа технологија ќе им даде голема предност на нашите професори, соработници и студенти и сигурна сум дека ќе продуцира нови решенија и иновации“, изјави Лилјана Гавриловска, редовен професор на ФЕИТ.

5G или мрежата на петтата генерација во наредните години не само што ќе донесе огромни брзини на пренос на податоци преку интернет и комуникација во реално време, туку целосно ќе го смени начинот на којшто функционира нашето општество.

„Ние интензивно работиме на подготовки за воведување 5G и планираме инвестиции во мрежата за таа намена. Минатата година го изведовме првото 5G демо во регионот, а до крајот на годинава ќе имаме платформа со која ќе добиеме искуства во реално опкружување. Потребни се уште многу тестирања, но сè повеќе се доближуваме до комерцијалната фаза. Партнерството со ФЕИТ е уште еден чекор кон развој на 5технологиите, но и многу повеќе од тоа, затоа што ќе им даде предност на студентите, идните телекомуникациски професионалци, и на професорите први да ја тестираат новата револуционерна технологија која сè уште целосно не е воведена во Европа“, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

Повеќе за „5G Evolution Laboratory” на ФЕИТ

„5G Evolution Laboratory” е новоформирана лабораторија во рамките на Лабораторијата за безжични и мобилни мрежи при Институтот за телекомуникации. Лабораторијата е опремена преку НАТО проект за емулација на 5G јадрена мрежа и виртуелен радио пристап, користејќи софтверски дефинирано радио. Преку соработката со Македонски Телеком, „5G Eolution Laboratory” дополнително ќе се надгради со реални 5G уреди за тестирање на перформансите и ќе прерасне во најсовремена лабораторија во земјата каде што ќе се тестираат 5G мобилни технологии и системи.

Лабораторијата за безжични и мобилни мрежи досега се користеше за проекти од областа на безжичните и мобилните комуникации со примена кај 3G и 4G мрежите. Станува збор за истражувачка лабораторија во која се извршуваат истражувања и тестирања поврзани со тековните проекти и иновативни технолошки решенија (виртуелизација, мапи за радио покриеност, динамичен пристап кон спектар, интелигентни инфраструктури, само/организирачки мрежи и друго). Лабораторијата е акредитирана и за Мерења на карактеристики и сообразност на радио опрема и Мерења на радио спектар. Во оваа лабораторија досега се реализирани повеќе проекти од областа на безжичните и мобилните комуникации, како и студентски истражувања во рамките на дипломски, магистерски и докторски трудови. Членовите на лабораторијата повеќепати се наградувани со престижни меѓународни признанија. Опремата, подигањето на хардверската платформа и новиот софтвер ќе овозможат тестирања на најновите мобилни технологии и системи со што академскиот кадар заедно со студентите ќе имаат можност да работат во првата лабораторија за тестирање на 5G во земјава.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Знакот на Adidas прогласен за неважечки

    Знакот на Adidas прогласен за неважечки

    Главниот суд на ЕУ денеска донесе одлука дека е неважечки заштитниот знак на германската компанија за производство на спортска опрема Adidas со три линии бидејќи нема…

  • Siemens го продава бизнисот со моторите за електрични авиони на Rolls-Royce

    Siemens го продава бизнисот со моторите за електрични авиони на Rolls-Royce

    Германскиот инженерски гигант Siemens објави во вторникот дека ќе гo продаде бизнисот со моторите за електрични авиони на британскиот Rolls-Royce. Како дел од договорот во британската компанија ќе преминат…

  • Европска компанија има намера да превезува патници во проблематичните авиони „боинг“

    Европска компанија има намера да превезува патници во проблематичните авиони „боинг“

    Иако компанијата „Боинг“ долго време имаше проблем со продажбата на проблематичниот модел „737“, се чини дека неделава среќата ѝсе насмевна. Во вторникот авиокомпанијата International Airlines…

  • НЛБ Банка – прва банка во Македонија достапна на Вибер

    НЛБ Банка – прва банка во Македонија достапна на Вибер

    НЛБ Банка, како иновативна и современа банка која е во чекор со светските трендови, ја прошири својата понуда со уште еден канал за комуникација и…

  • Битолска млекара ги наградува своите најлојални вработени

    Битолска млекара ги наградува своите најлојални вработени

    Наградувањето на лојалноста преминува во традиција Веќе традиционално, и оваа година, компанијата Бимилк ги наградува своите најлојални вработени, кои имаат остварено непрекината работа во млекарата…

  • Резервирајте го вашиот одмор онлајн за дестинација од соништата и добијте поврат на вашите средства со Cashback World

    Резервирајте го вашиот одмор онлајн за дестинација од соништата и добијте поврат на вашите средства со Cashback World

    Патувањата се оние кои нѐ прават порелаксирани, кога споделуваме искуства, истражуваме и едноставно уживаме. Но, има толку голем избор, толку голема понуда на хотели, апартмани,…

  • Половина милијарда Apple уреди на мета на хакери поради досега непознат проблем?

    Половина милијарда Apple уреди на мета на хакери поради досега непознат проблем?

    Израелската  компанија Cellebrite им открила на корисниците на Apple уредите дека нашла начин да навлезат во било кој iPhone или iPad со било која верзија…

  • Отстранете го чувството на вина од вашето мени – „Junk free, guilt free”

    Отстранете го чувството на вина од вашето мени – „Junk free, guilt free”

    Грижа на совест по јадењето, кога гладта ќе ја надвладее самоконтролата е чувство со кое многумина секојдневно се соочуваме. Колку пати сте се казнувале и…

  • Huawei лаптопи вратени во Microsoft онлајн продавница

    Huawei лаптопи вратени во Microsoft онлајн продавница

    Microsoft минатиот месец од неговата онлајн продавница ја отстрани линијата на лаптопи на Huawei, каде што било проследено поради наредбите од американската администрација. Иако софтверскиот…

  • Партнерство на УНИЦЕФ И Фондацијата Телеком за Македонија

    Партнерство на УНИЦЕФ И Фондацијата Телеком за Македонија

    Дигитални иновации за еднакви можности на децата и младите со попреченост Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ објавија партнерство за проширување на можностите за вклучување…