29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрегзит: Преговорите на Меј и Корбин ќе бидат завршени без договор?

Брегзит: Преговорите на Меј и Корбин ќе бидат завршени без договор?

Разговорите за Брегзит на Kонзервативната партија на британската премиерка Тереза ​​Меј и на опозициската Лабуристичка партија се на пат да завршат без постигнат договор.

Меј и лидерот на лабуристите Џереми Корбин ќе преминат во втората фаза од разговорите како би се постигнал договор за процесот за гласање во Парламентот со цел да се постигне општ консензус. Меј на 2 април најавила дека ќе започне разговори со лабуристите, но партиите досега не успеале да се договорат за важни прашања, како што е барањето на лабуристите за царинската унија по Брегзит.

Меј се согласила вчера да постави рок за поднесување оставка на почетокот на јуни, откако Парламентот трипати го отфрлил договорот со ЕУ кој таа го постигна со ЕУ во врска со Брегзит. Сè уште не е познато кога и дали навистина Велика Британија ќе ја напушти ЕУ, скоро три години по референдумот на којшто Британците го поддржаа Брегзит. Велика Британија се приклучи на блокот на европските држави во 1973 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП