28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТамара се пласираше во финалето на Евровизија(видео)

Тамара се пласираше во финалето на Евровизија(видео)

Македонската претставничка Тамара Тодевска се пласираше во финалето на годинешниот Евросонг којшто ќе се одржи во сабота. Таа вечерва на втората полуфинална вечер на 64-от Избор на песна на Евровизија го имаше својот настап со песната „Proud“ во Тел Авив, Израел.

Aвтори на песната „Proud“ на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на Коста Петров, коj е дел од евровизискиот тим во Израел.

Мотото на годинашниот евровизиски избор е „Осмели се да сонуваш“. Во финалето се пласираа 10 од 17-те учесници во втората полуфинална вечер. Од втората вечер во финалето се пласираа и Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка…

Во финалето на Евровизија в сабота ќе пеат 26 земји, по десет од двете полуфиналиња, претставникот на земјата домаќин Израел, и претставниците на големата петорка: Шпанија, Германија, Италија, Франција и Велика Британија.

Во ревијалниот дел на финалето ќе настапи Мадона, која ќе испее две песни.

Последен македонски претставник што пеел во финалето на Евросонг е Калиопи. Таа во 2012 година пееше во Баку, Азербејџан, со песната „Црно и бело“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП