2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКакво CV бараат Google и Apple?

Какво CV бараат Google и Apple?

cv1

За да ве повикаат на разговор „Google“ и „Apple“, морате да знаете кои се осумте работи на кои големите компании посветуваат внимание.

1.Ако имате диплома од престижен универзитет, вашите шанси да бидете повикани на интервју за работа значајно ќе пораснат.

2.„Google“ и „Apple“ сакаат луѓе со релевантно работно искуство во текот на школувањето, попрецизно, со извршена релевантна пракса. Ако на 19 години сте биле келнер, тоа никако нема да биде плус. Ова морате да го имате на ум веќе пред почетокот на вашето високо образование.

3.Важни се главните предмети кои сте ги избрале во текот на студиите и на кои сте дипломирале. За да ве приметат големите технолошки компании, важно е да имате завршено финансии, маркетинг или информатика.

4.Големите технолошки компании сакаат да видат луѓе кои го враќаат долгот на своите заедници. Со волонтирање можете да го „разубавите“ своето CV, но и во таа прилика водете сметка за вашите задолженија. Секој тип на волонтирање нема да биде релевантен, па поради тоа најдобро е на некоја добротворна организација да и понудите ваша помош за одреден вид на маркетинг.

5.Технолошките компании преферираат добри оратори и комуникативни луѓе. Морате да се изразувате јасно и професионално.

6.Покажете познавање за различни позиции и задачи внатре во компанијата.

7.Личностите се претприемачки дух имаат поголеми шанси за вработување.

8.Просекот на оценките од факултетот не е пресуден. Технолошките компании бараат луѓе кои забележиле одреден успех, а просекот на факултет е само една точка на графиконот на нечиј успех.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП