1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел ги отфрли шпекулациите за идната функција во ЕУ

Меркел ги отфрли шпекулациите за идната функција во ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел ги отфрли денеска новите серија шпекулации дека би можела да бара висока функција во Европската Унија кога ќе и заврши сегашниот мандат во Германија.

Меркел минатата година го напушти водството на Христијанско-демократската партија (CDU) и изјави дека нема да бара петти мандат како канцеларка.

Таа, исто така, изјавила дека нема да побара некоја друга политичка функција кога ќе ја напушти својата сегашна позиција.

Меѓутоа и покрај нејзините изјави, повременено се појавуваат шпекулации дека таа би можела да бара некоја висока позиција во администрацијата на Европската унија.

Најновите серијата на таквите шпекулации се поткрепени со нејзиното интервју во кое што кажала дека е загрижена за Европа и дека има ,,уште поголемо чувство на одговорност” да работи со другите за иднината на Европа.

Меркел изјавила за новинарите дека останува при нејзината изјава дека ,,нема да преземе никаква политичка функција без разлика каде тоа би било”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП