Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,778.34 0.9%    FERS 77,100.00 0.13%    KMB 5,203.86 0.07%    MPT 62,171.24 0.99%    OKTA 4,660.00 -2.92%    SKP 54,000.00 -17.8%    STB 1,012.59 0.06%    STIL 106.00 0%    

7 корисни совети за располагање со парите

Време: 15:42

Датум: мај 16, 2019

Категорија: КАРИЕРА

За речиси 15 години работа во финансиските одделенија на компаниите како што се Blackstone и Morgan Stanley, Зак Фриедман од прва рака видел како компании можат да заработат, но и да изгубат пари. Еве некои негови совети за да извлечете најмногу од парите кои ги имате.

Финансиските изненадувања се случуваат на сите па секогаш бидете спремни за најлошото. Начинот на кој реагирате на финансиското изненадување може да биде еден од најпрофитабилните финансиски потези. Осигурајте се, заштитите ги вашите инвестиции и имајте план Б. Кога имате резервен план, и она неочекуваното се чини дека е помалку проблематично.

Кога станува збор за вашите пари, не постојат глупави прашања. Единствено глупаво прашање е тоa кое не го поставувате. Имено, ако не ја разбирате во целост вредноста на финансиските производи или услуги, не дозволувајте да се збуните. Информирајте се и имајте на ум дека сте токму најдобриот заштитник на вашите финансии, а поставувањето прашања е најпаметниот начин да се заштитите од донесување на погрешни финансиски одлуки.

Бидете внимателни кога се во прашање кредитните картички. Иако нудат бројни придобивки, може да бидат голема финансиска катастрофа ако ве доведат до долгови. Бидете сигурни дека ќе можете секој месец да ги покриете вашите долгови на картичката. Во спротивно, тие не се најдобриот избор за вас.

Никогаш не престанувај да учиш. Учењето не престанува кога ќе завршите со училиштето, најдобрите инвеститори секојдневно ги подобруваат нивните вештини. Немојте да се сметате за најдобар бидејќи секогаш постои нешто што не го знаете. Кога станува збор за финансиските совети, читањето е еден од наједноставните начини за учење и може да биде една од најдобрите инвестиции. Можете да учите и од луѓето за кои работите, со кого работите или кои работат за вас. Внимателно слушајте ги другите.

Не е важно колку пари сте имале на почетокот. Крајната точка е поважна од почетната точка. Кога станува збор за финансискиот успех, не е важно од каде доаѓате, кое училиште сте посетувале или кого го знаете. Точно, овие работи можат многу да помогнат, но не отежнуваат да стекнете финансиска слобода. Ако напорно работите, трошите одговорно, паметно вложувате и штедите за пензија, ќе бидете во добра финансиска форма. Фокусирајте се на посакуваната цел, а не на почетната точка, важна е вашата иднина, а не минатото.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Марк Кјубан открива која вештина му донела милиони

    Марк Кјубан открива која вештина му донела милиони

    На еден од поткастите на поставеното прашање “How I built this”, што прво ќе направиш ако би изгубил се што се стекнал, Марк Кјубан изјавил…

  • Бил Гејтс ја откри тајната за успехот на Ворен Бафет

    Бил Гејтс ја откри тајната за успехот на Ворен Бафет

    На 88-годишна возраст и понатаму управува со Berkshire Hathaway, неговата холдинг компанија која ги поседува компаниите како што се Dairy Queen и See’s Candies, пренесува CNBC.…

  • Најдобриот претприемач на светот – Бред Кјувел

    Најдобриот претприемач на светот – Бред Кјувел

    Најдобар претприемач на светот за 2019 година е американецот Бред Кјувел, чија софтверска компанија на глобално ниво имала најбрз раст, одлучи така жирито на ревизорско…

  • Стресот на работното место е признаен како болест

    Стресот на работното место е признаен како болест

    Светската здравствена организација во регистарот на болести го стави и “Burnout”, односно хроничен стрес на работното место, објавија денес европските медиуми. Медицинските експерти дефинирале три…

  • 6 особини на ментално силните луѓе

    6 особини на ментално силните луѓе

    Сталоженоста и менталната сила се премногу потребни доблести за опстанок во ова време, каде мултитаскингот е задолжителен, а слободното време речиси непостоечка категорија. Иако на…

  • Изненадувачки заклучок: Жените немаат корист од тоа да им се жени шефици

    Изненадувачки заклучок: Жените немаат корист од тоа да им се жени шефици

    Истражување објавено во списанието European Sociological Review покажало како “значителен родов јаз во платите” постои и кога жените се во лидерски позиции во компаниите. Во студијата…

  • Бил Гејтс: Ова се трите клучни вештини за успех во иднината (видео)

    Бил Гејтс: Ова се трите клучни вештини за успех во иднината (видео)

    Легендарниот технолошки претприемач, ко-основач на Microsoft и еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс е опседнат со иднината. Често работи со пронаоѓачи и визионери, чита…

  • За што служи професионалната ориентација?

    За што служи професионалната ориентација?

    Големите животни одлуки, исто така, бараат висок ризик. Не е случајно што дури и во раните тинејџерски денови се јавува несигурност и конфузија. За правилен…

  • 7 чекори кои ќе ви помогнат да излезете надвор од вашата комфорна зона

    7 чекори кои ќе ви помогнат да излезете надвор од вашата комфорна зона

    Излегувањето од нашата “комфорна зона” е нешто со кое сите се соочуваме во животот. Од качување на велосипед без помошни тркала, нова училишна средина, нова…

  • Решете го стресот на работа со овие едноставни трикови!

    Решете го стресот на работа со овие едноставни трикови!

    Овие совети ќе ви помогнат да не се нервирате премногу на работното место… Три четвртини од жените чувствуваат стрес на работното место и сметаат дека…