23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер за Курц и ''шницлите'' : За мене е тоа свесна шизофренија!

Јункер за Курц и ”шницлите” : За мене е тоа свесна шизофренија!

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, го критикуваше австрискиот канцелар Себастијан Курц поради неговата изјава за прекумерната бирократизацијата на Комисијата.

“Мислам дека овие тврдења против ЕУ не се малку на место”, порачал Јункер во интервју за виенскиот весник “Standard”.

Канцеларот Курц пред неколку дена изјави дека би требало да се избришат 1.000 прописи на Брисел, како што е прописот за изгледот на помфритот, шницлите и слично, бидејќи е тоа претерано наметнување на непотребни работи на националните држави.

Јункер укажа дека Европската комисија од 2014 година јасно ја намалила администрацијата и дека бројот на предлог прописи е намален за 75 проценти.

“Австрискиот канцелар, кој од секогаш го сметав за сигурен Европеец, се приклучи на темата на оние кои не ја доведуваат во прашање европското делување, но масовно ја критикуваат. Тоа комплетно ме изненади. Не сметам дека e добро, тој koj се залага за Европа, сега да се приклучи на хорот од спротивставени гласови”, изјавил Јункер.

Претседателот на Европската Комисија го предупредил Курц дека не треба да биде “Европјанин на половина работно време”. Вели дека не разбира зошто Курц ја критикуваше регулативата која треба да ги заштити граѓаните од опасни супстанции кај печењето шницли.

“Не го разбирам ова, бидејќи Австрија ја поддржа регулативата. За мене, тоа е случај на свесна шизофренија”, изјави Јункер.

Тој верува дека зад тие изјави стои намерата да се ангажира за Европа само ако им служи на националните интереси.

“Големи работи се намалуваат”, критикуваше и понатаму, наведувајќи дека е опасно пред претстојните избори, бидејќи би можело да доведе до тоа Комисијата да не може да дејствува ако влијанието на екстремистички сили од лева и десна страна во новиот парламент бидат преголеми.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП