28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп го помилува поранешниот медиумски магнат Конрад Блек

Трамп го помилува поранешниот медиумски магнат Конрад Блек

Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува поранешниот медиумски магнат Конрад Блек, авторот на ласкавата политичка биографија на првиот човек на американската администрација, објави агенцијата.

Блек (74) помина три и пол години во затвор. Во 2007 година тој беше осуден за измама и опструкција на правдата во САД, соопшти Белата куќа.

“Случајот на лордот Блек ја привлече поддршката на многу истакнати личности кои гарантирале за неговиот исклучителен карактер”, се вели во соопштението.

Блек кој е со канадско потекло, има британско државјанство.

Во текот на 1990-тите години, тој беше на чело на Hollinger International, кој ги поседуваше весниците во Канада, САД, Обединетото Кралство и Израел – Chicago Sun-Times, The Daily Telegraph, The Jerusalem Post и National Post.

Поранешниот издавач е автор на политичката биографија на Доналд Трамп – “Donald J. Trump: A President Like No Other”, објавенa во 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП