23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија ја намали економската прогноза

Австрија ја намали економската прогноза

avs1

Водечките австриски економски институти WIFO и IHS ја намалија економската прогноза за оваа и за следната година, наведувајќи го како причина побавното закрепнување на Европа отколку што беше очекувано.

WIFO предвидува дека австрискиот бруто домашен производ оваа година ќе порасне за 0,4 проценти, а не за еден процент, како што веруваа во март, додека пак HIS, прогнозата ја намали на 0,6 проценти од 0,8 проценти, пренесува агенцијата Франс Прес.

Институтите се поголеми оптимисти во врска со 2014 година, па така, IHS ја задржа прогнозата за растот на БДП од 1,8 проценти, додека WIFO ја намали на 1,6 проценти од 1,8 проценти.

„Слабата побарувачка од еврозоната ја притиска австриската економија. Закрепнувањето на еврозоната е побавно дури и од она кое го предвидувавме во мартовските прогнози“, наведуваат од IHS, додавајќи дека, и покрај тоа, постојат знаци кои велат дека структурните реформи во земјите погодени од кризата почнале да носат резултатии дека економијата во регионот би можела да почне да напредува пред крајот на годинава.

„Како извозно ориентирана економија, Австрија ќе има корист од тоа закрепнување, а извозот во 2014 година додатно ќе напредува и ќе помогне во стимулирањето на домашните инвестиции“, наведуваат од WIFO.

Австрискиот трговски дефицит минатата година паднал за 8,6 проценти на 8,44 милијарди евра, покажаа вчера податоците на Заводот за статистика во Виена. Извозот во 2012 година бил зголемен за 1,45 проценти. Австрискиот БДП минатата година порасна за 0,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП