19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВластите во Кина ја блокираа Wikipedia

Властите во Кина ја блокираа Wikipedia

Властите во Кина ја блокираа Wikipedia, изјави сопственикот на таа онлајн енциклопедија.

Фондацијата Wikipedia утврдила во април дека Wikipedia повеќе не е достапна во Кина, навела во имеилот Саманта Лиен, портпаролка на Фондацијата Wikipedia, која е и сопственик на Wikipedia, пренесува Reuters.

”После деталната анализа на нашите внатрешни извештаи за сообраќај, можеме да потврдиме дека Wikipedia е блокирана на сите јазични верзии”, изјавила Лиен.

Facebook,Twiter,Instagram и други сајтови за социјални медиуми долго време се блокирани во Кина.

Некои статии на Wikipedia за чувствителни прашања, како што се протестите на плоштадот Тјенанмен 1989 година или Тибет, долго време биле блокирани во Кина дури и додека главната страница беше достапна.

Се сомневаат дека целосната блокада на Wikipedia се појавила кон крајот на април, кога некои кинески корисници на интернет се пожалиле дека сајтот повеќе не е достапен.

Тестовите кои ги изведува Grejt-Fajr.org откриле дека сајтот не е достапен во Кина од 23 април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП