28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот повторно расте: Помина 8.000 долари

Биткоинот повторно расте: Помина 8.000 долари

Експертите не можат да ја кажат сигурната причина, но најпознатата криптовалута, изгледа повторно не може да запре. Во последните 24 часа биткоинот се зголеми за 12,6% на околу 8.000 долари.

Од почетокот на мај, потсетува порталот finanzen.net, биткоинот пораснал за 55% или за околу 2.800 долари.

Се шпекулира дека причината за ненадејниот раст може да бидат информациите за некои големи светски компании да прифатат плаќање со биткоини, но експертите предупредуваат дека за брзиот раст може да следи силен пад.

Како крајот на 2017 година, кога биткоинот полета до 20.000 долари, а потоа одеднаш падна…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП