25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпоравување на акциите на Wall Street, еврото во пад

Опоравување на акциите на Wall Street, еврото во пад

Акциите на Wall Street вчера закрепнале, бидејќи Соединетите Држави и Кина, како што се чини, се посветени на продолжувањето на трговските преговори.

Проширениот индекс S&P500 се зголеми за 0,6 проценти, индустрискиот Dow Jones за 151 поени или 0,6 проценти на 25.476 поени, а технолошкиот Nasdaq за 0,7 проценти, пренесува агенцијата AP.

Индексот S&P500 закрепнал од најголемата загуба забележана во четири месеци, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека преговорите со Кина ќе бидат “многу успешни”, иако неговата администрација подготвува нови тарифи за останатите 300 милијарди долари од увозот од Кина.

Во Европа индексот Stoxx Europe 600 се зголемил за 0,8 проценти, а британскиот FTSE 100 за 1,0 проценти на 7.231,66 поени, пренесува њујоршката агенција Bloomberg.

Германскиот DAX пораснал за 0,8 проценти на 11.975,48 поени, а францускиот CAC 40 за 1,4 проценти на 5.336,57 поени.

На девизните пазари, еврото ослабе 0,1 проценти на 1,1207 долари, британската фунта паднала за 0,4 проценти на 1,2910 долари, на најниско ниво повеќе од две недели, а јапонскиот јен се спуштил на 0, 2 проценти на 109,54 јени за долар.

Цената на златото се лизнала за 0,2 проценти на 1,298.70 долари за унца.

Во Азија, индексот на азиско-пацифичките акции MSCI паднал за 0,8 проценти, на најниско ниво во 15 недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП