Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,076.22 0.34%    AMEH 500.00 -18.7%    CKB 700.00 0%    FERS 80,000.75 0.76%    GRNT 920.00 0.48%    KJUBI 1,598.00 1.01%    KMB 5,495.20 0.32%    MKSD 227.00 2.76%    MPT 62,570.49 1.05%    MTUR 5,450.00 0%    OKTA 5,132.00 -2.99%    PKB 10,000.00 -15.54%    POPK 24.00 -4%    RZIN 101.00 0%    RZLE 19.00 0%    RZLV 82.00 0%    SBT 2,358.00 2.97%    STB 1,011.09 0.98%    STIL 120.23 1.68%    TEL 310.12 0.45%    TETE 2,477.00 3.17%    TKVS 5,369.69 1.31%    TNB 17,155.48 0.36%    TTK 1,302.00 -0.89%    

НБРМ: Поволни поместувања во економијата

Време: 10:16

Датум: мај 15, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

На 14 мај 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

По намалувањето на каматната стапка во март, на оваа седница Комитетот оцени дека монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови, при што одлучи каматната стапка на благајничките записи да остане на истото ниво од 2,25%. Исто така, на седницата се одлучи понудата на благајнички записи за аукцијата што ќе се одржи на 15 мај 2019 година да се задржи на нивото од 25.000 милиони денари.

Комитетот ги разгледа најновите остварувања во домашната економија во контекст на новите макроекономски проекции, при што заклучи дека економските фундаменти се здрави и без присуство на нерамнотежи во економијата. Отсуството на нерамнотежи е видливо преку стабилната инфлација и поволната надворешна позиција, околности кои придонесуваат за поволни движења на девизниот пазар и интервенции со откуп на девизи од страна на Народната банка од почетокот на годинава. Динамиката и валутната структура на штедењето на домаќинствата упатува на стабилни очекувања и поволни согледувања.

Во однос на најновите макроекономски показатели, по релативно солидниот раст на економијата во 2018 година, досега расположливите високофреквентни показатели за економската активност во првото тримесечје на 2019 година упатуваат на натамошни поволни поместувања во економијата, видливи преку забрзаниот раст на индустријата и трговијата, при истовремен натамошен, но поумерен раст кај градежништвото.

Просечна годишна стапка на инфлација остварена во првите четири месеци изнесува 1,4%, при очекувања за стапка на инфлацијата од 1,5% за целата 2019 година. Ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата за 2019 година засега се оценуваат како урамнотежени.

Бројот на показателите од надворешниот сектор е ограничен, но досега расположливите податоци упатуваат на релативно поволна надворешна позиција. Во однос на адекватноста на девизните резерви, сите показатели остануваат во сигурната зона.

Во однос на монетарните движења, првичните монетарни податоци за април покажуваат солиден месечен прираст кај вкупните депозити, кој во еден дел произлегува од растот на штедењето на домаќинствата, а делумно е одраз и на растот на корпоративните депозити. На кредитниот пазар, во април продолжи месечниот раст на кредитите, при раст на кредитирањето и на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, банките имаа релативно мала потреба за задолжување на меѓубанкарскиот пазар на депозити, при натамошно зголемување на денарската ликвидност на банкарскиот систем, која и натаму беше насочувана кон расположливите депозити кај Народната банка, коишто овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата за непречено кредитирање на домашните субјекти.

Растот на ликвидните средства во банкарскиот систем во овој период, и покрај сезонски повисоката побарувачка на денарска готовина, беше поврзан со ликвидносниот ефект на трансакциите на државата и интервенциите на Народната банка за откуп на 29 милиони евра. Релативно високиот откуп на девизи од страна на Народната банка беше остварен во услови на сезонски зголемена понуда на девизи на менувачкиот пазар пред велигденските празници и пониска месечна нето-побарувачка на девизна ликвидност од фирмите.

За разлика од претходниот месец, во април расположението на меѓународните пазари беше насочено кон преземање ризик. На глобално ниво, преовладуваа економски остварувања коишто беа подобри од очекувањата, што придонесе за намалување на цените на безбедните инструменти, односно беше забележан раст на нивните приноси. Позитивно изненадување за пазарите претставуваше економскиот раст на САД кој беше повисок од очекуваниот, континуираниот раст на кинеската економија, како и умерено повисоката стапка на раст на БДП и поволните показатели за очекувањата во еврозоната. ЕЦБ ја задржа тековната поставеност на монетарната политика, во услови на согледувања за ризици за економскиот раст. ФЕД не го промени целното ниво на распонот на каматните стапки, притоа упатувајќи на неутрална монетарна политика. Наспроти тоа, во почетокот на мај, на пазарите се зголеми одбивноста кон преземање ризик поради засилените трговски тензии коишто започнаа откако САД ги зголеми царините за дел од производите коишто се увезуваат од Кина.

Општо земено, на седницата беше заклучено дека по намалувањето на каматната стапка во март, последните макроекономски показатели и оцени главно се движат во рамки на очекувањата, а согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика главно се непроменети. Сепак, повторно беа нагласени неповолните ризици од надворешното окружување, особено оние предизвикани  од неизвесноста поврзана со растечките трговски тензии. Народната банка и во следниот период ќе продолжи со внимателно следење на трендовите и потенцијалните ризици во контекст на поставеноста на монетарната политика.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Од понеделник цената на бензините по новата методологија

    Од понеделник цената на бензините по новата методологија

    Од следниот понеделник Регулаторната комисија за енергетика ќе ги утврдува цените на нафтените деривати по новата методологија, која регулаторите треба да ја донесат во следните…

  • НБРМ: Раст на кредитите и депозитите во април

    НБРМ: Раст на кредитите и депозитите во април

    Раст на кредитите и депозитите е забележан во април. Податоците на Народната банка покажува дека растот е забележан и кај секторот население и кај домаќинствата.…

  • Рестораните на Џејми Оливер пред затварање

    Рестораните на Џејми Оливер пред затварање

    Познатиот британски готвач повторно има големи финансиски проблеми. Повеќе од 1.300 луѓе можеби ќе останат без работа. Рестораните на познатиот готвач Џејми Оливер се пред…

  • Македонската трпеза сѐ поскромна – многу леб, малку месо

    Македонската трпеза сѐ поскромна – многу леб, малку месо

    На просечната трпеза има најмногу леб и компир, а најмалку месо и риба. Македонецот од година во година се храни се поскромно. Според официјалните податоци…

  • Русија го носи Nestle на суд поради откриено ГМО во овесните каши

    Русија го носи Nestle на суд поради откриено ГМО во овесните каши

    Рускиот регулатор за заштита на правата на потрошувачите Rospotrebnadzor, започна прекршочна постапка против компанијата Nestle Русија, откако пронашол генетски модифицирана папаја во инстант овесната каша…

  • До крајот на векот многу повисоко ниво на морето од очекуваното?

    До крајот на векот многу повисоко ниво на морето од очекуваното?

    Научниците изразија уверување дека нивото на морето може да се зголеми многу повеќе отколку што се очекуваше поради брзото топење на мразот на Гренланд и…

  • УНЕСКО: Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство

    УНЕСКО: Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство

    УНЕСКО во најновиот извештај препорачува да го стави природното и културното наследство на Охридскиот регион на листата на загрозено светско наследство, како резултат на недоволниот…

  • Просечната плата во март 24.590 денари

    Просечната плата во март 24.590 денари

    Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март годинава во земјава изнесувала 24.590 денари и е за 3,8 отсто повискока од март лани, покажуваат податоците…

  • Чешка против ”двојниот квалитет” на прехранбени производи во ЕУ

    Чешка против ”двојниот квалитет” на прехранбени производи во ЕУ

    Владата забранила продажба на прехранбени производи со понизок квалитет од оние кои под исто име се продаваат во западна Европа. Чешката влада соопштила дека усвоила…

  • Жена од Полска роди шесторка

    Жена од Полска роди шесторка

    Дваесет и деветгодишна жена денес во Полска роди шесторка, што е прв случај во земјата. Бебињата, од кои четири се девојчиња, се родени со царски…