Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,100.00 -0.04%    FERS 77,000.00 0%    GRNT 850.37 0.04%    KMB 5,328.59 0.08%    MPOL 350.00 -7.16%    MPT 62,486.29 -0.02%    OHB 6,090.00 0.02%    RMDEN18 98.70 0%    STB 1,094.20 1.81%    STIL 104.61 -0.37%    TNB 15,900.35 0.64%    TTK 1,328.38 2.18%    

Оптимизам и исчекување за датум за старт на преговорите

Време: 09:05

Датум: мај 15, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Бескомпромисен оптимизам кај Владата за добивање датум за отворање на пристапните преговори и воздржаност кај дипломатите во исчекување на извештајот за напредокот на земјата.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан вчера најави дека ЕК ќе препорача отворање на преговорите со Скопје и Тирана во извештаите за напредокот на земјите што ќе бидат објавени на 29 мај.

-За две недели ќе го претставиме нашиот годишен извештај во кој што сигурно ќе препорачаме отворање на преговорите за двете земји (Албанија и Северна Македонија). Двете земји ги исполнија условите и сега е на земјите членки да излезат со политички проценки, кажа Хан за Радио Слободна Европа.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вчера изрази увереност дека оваа година земјава ќе влезе во втората фаза после дваесет години напори, и ќе започне преговори за пристапување со Европската Унија. Спорд него, не може да се најде забелешка за работата на Северна Македонија во однос на исполнувањето на критериумите, подвлекувајќи дека штетата ќе биде многу поголема да не се започнат, отколку да се започнат преговорите, дури и во случај на внатрешните дилеми и стравови што ги има во земјите-членки.

– Работиме со земјите-членки, со сите нивни дилеми што ги имаат во однос на проширувањето. А тие дилеми не се однесуваат на нас. Не може да се најде забелешка за работата на Северна Македонија во однос на исполнувањето на критериумите. Се обидуваме да им објасниме дека интересот за започнување на овој процес е многу поголем, и штетата е многу поголема да не се започнат, отколку да се започнат преговорите, дури и во случај на внатрешните дилеми и стравовите што ги има во земјите-членки. Така што јас сум оптимист и ве уверувам дека нема да оставиме непревртен камен и камче за да обезбедиме оваа држава да почне преговори годинава, истакна Османи.

Заменик министерот за надворешни работи на Полска, Шимон Шинковски вел Сек, на вчерашната средба со новинарите го сподели својот оптимизам во оценките за Северна Македонија дека исклучително добро напредува на патот кон ЕУ и оти се надева дека ЕУ ќе го препознае тој напредок и ќе го вреднува со датум за преговори за членство.

-Навистина сум импресиониран како земјата напредува во реформите изминатите години. Ние имаме големи проблеми во Западен Балкан, но кога бараме земја пример за успех, земја која успеа да направи реформи и голем чекор напред во евроинтеграцискиот процес тоа е Северна Македонија. И не е во прашање само Преспанскиот договор,туку и внатрешните реформи, кои укажуваат дека има можност балканскиот регион да се доближи до ЕУ, потенцира тој додавајќи сепак дека тоа не е само нивна одлука и дека ќе треба да се почека ЕУ да ја донесе во јуни.

И Австрија ја реафирмираше поддршката за почеток на преговорите со ЕУ. Претседателот на Собранието Талат Џафери кој престојуваше во дводневна официјална посета на Виена, од потпретседателот на Сојузниот Совет на Република Австрија Магнус Брунер, доби цврста порака дека отворањето преговори на Северна Македонија во јуни 2019 година ќе испрати јасна и позитивна порака до сите земји пристапнички во Западен Балкан.

Амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние, пак, вчера во Прилеп изјави дека не може да зборува за датум за преговори пред да биде објавен Извештајот на ЕК за нашата земја кон крајот на мај за да направат проценка дали е спроведено се што требаше во Република Северна Македонија, особено од областа на судството и на правната држава.

-Да се предвиди датум, ќе кажам не, не сум астролог, но сепак, ќе кажам, еден од условите да се завршат почнатите работи, односно да се заврши агендата 3-6-9, потоа агендата 18, кои претставуваат извонредни работни инструменти. Ќе го чекаме извештајот на Европската комисија за кон крајот на месец мај да направиме проценка дали се спроведени сите оние работи кои требаше да се спроведат, особено од областа на судството и на правната држава, изјави Тимоние пред студентите од Економскиот факултет каде одржа предавање на тема: „ЕУ во пресрет на изборите, предизвици и надежи – француско гледиште“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Исплатлива инвестиција: сериозни заштеди со енергетска ефикасност

    Исплатлива инвестиција: сериозни заштеди со енергетска ефикасност

    Вложувањето во енергетска ефикасност односно не е трошок туку инвестиција која на среден а особено на долг рок резултира со сериозни заштеди. Новите прозори и…

  • Бургерите се силата на американскиот долар: Big Mac е поевтин во еврозоната, отколку во САД

    Бургерите се силата на американскиот долар: Big Mac е поевтин во еврозоната, отколку во САД

    Некои политичари и учесници на пазарот веруваат дека американскиот долар е премногу силен во споредба со неговите ривали. Сега постои уште еден индикатор: Бургерот. Економскиот…

  • Фрлена када на дното на Охридското Езеро

    Фрлена када на дното на Охридското Езеро

    Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на желбите. Фотографијата е направена на…

  • Од денеска достапни 75 милиони евра за компаниите

    Од денеска достапни 75 милиони евра за компаниите

    Компаниите од денеска може да поднесуваат барање за поддршка преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите по новите изменети услови, кои според Владата се олеснети…

  • Првото јавно излегување на Џеф Безос и жената поради која ја се разведе од сопругата

    Првото јавно излегување на Џеф Безос и жената поради која ја се разведе од сопругата

    Џеф Безос и Лорен Санчез, жената поради која најбогатиот човек во светот ја остави сопругата со која беше 25 години, финалето на Вимблдон помеѓу Новак…

  • САД можеби ќе ја одобри соработката со Huawei веќе за две недели?

    САД можеби ќе ја одобри соработката со Huawei веќе за две недели?

    Соединетите Американски Држави можеби веќе за две недели ќе ги овластат компаниите од САД да ги продаваат нивните производи на кинескиот Huawei, објави Reuters повикувајќи се…

  • Бензините поскапуваат за 1,5 денари, дизелот за денар

    Бензините поскапуваат за 1,5 денари, дизелот за денар

    Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари, а дизелот и екстра лесното гориво за денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.…

  • Кина со најбавен економски раст од 1990

    Кина со најбавен економски раст од 1990

    Економскиот раст на Кина се движи со најспоро темпо од раните 1990-ти во вториот квартал, покажуваат официјалните бројки. Во првите три месеци од годинава, економијата…

  • Какво откритие: Пронајден цвет стар 115 милиони години

    Какво откритие: Пронајден цвет стар 115 милиони години

    Меѓународна група на научници го открила најстариот зачуван лилјан во светот во Бразил. Билката е стара околу 115 милиони години, а е пронајдена во еден…

  • Сончево со мала до умерена облачност и повремен дожд

    Сончево со мала до умерена облачност и повремен дожд

    Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има појава на локален дожд.…