22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧешка е најдобра европска локација за глобалната индустрија

Чешка е најдобра европска локација за глобалната индустрија

Чешка е најдобра производствена дестинација во Европа, иако е далеку од тоа да биде најевтина земја во преработувачката индустрија, земајќи ги во предвид не само трошоците за плати за локалната работна сила, туку и за трошоците за комунални услуги, индустрискиот развој и административните трошоци, објавил Property Forum повикувајќи се од најновите истражувања на Cushman & Wakefield.

Оваа позиција Чешка ја зазема првенствено благодарение на високото ниво на сигурност, релативната политичка стабилност во споредба со земјите на истокот на Европа, како и поради економската и корпоративна стабилност.

“Всушност, ризиците за инвеститорите се минимални. Неговата централна позиција со стратешкиот пристап до главните европски пазари е исто така голема предност”, изјавил Фердинанд Хлобил, партнер и менаџер на Cushman & Wakefield.

Како што наведува Property Forum, на глобално ниво, Кина силно функционира благодарение на зголемените владини инвестиции во усвојување на технологијата, додека Соединетите Држави се најатрактивни за оние кои сакаат да ја минимизираат изложеноста и политичките закани, а потоа следи Канада и Чешка. Имајќи ги во предвид основните критериуми, Чешка е петта во светот и прва во Европа.

Локациите со ниски трошоци во Југоисточна Азија сеуште се многу атрактивни за работно интензивните производители. Се укажува на негативното влијание на “no deal” за Брегзит на европските пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП