13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа листата на Трамп и лукот- САД оданочува 3.805 кинески артикли

На листата на Трамп и лукот- САД оданочува 3.805 кинески артикли

Американските официјални лица направиле дополнителна листа на кинески стоки вредни 300 милијарди долари, на кој евентуално ќе бидат воведени повеќе царини, а на листата се наоѓаат 3.805 производи, вклучувајќи лаптопи па дури и лук.

Соопштението на американската администрација следела откако Пекинг во понеделникот најавил дека од 1 јуни ќе воведе тарифи до 25 проценти на 60 милијарди долари увоз од САД, како одговор на претходната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во петокот ги зголемил царините од 10 на 25 проценти на кинески увоз во вредност од 200 милијарди долари.

Новата листа претставува чекор напред кон спроведувањето на заканите на претседателот  Трамп од 5 мај за воведување казнени 25-процентни царини на целокупниот увоз од Кина, се наведува во соопштението на американскиот трговски претставник (USTR), пренесува агенцијата AP.

Се додава понатаму дека на 17 јуни ќе биде одржана расправа пред Вашингтон да одлучи како да постапи по ова прашање. Листата “ги опфаќа во суштина сите производи” кои до сега не биле вклучени во казнената тарифа, наведува USTR.

Меѓу производите се лаптоп компјутери, пили, делови за турбини, туна, па и лук, но, како што напоменуваат од USTR листата не вклучува фармацевтски производи и минерали на ретка земја кои се користат во електрониката и производството на батерии.

На азиските берзи акциите паднаа денес втор ден по ред поради загриженоста на инвеститорите во поглед на влијанието на овие трговски тензии на глобалниот економски раст.

Кинескиот главен берзански индекс се ”лизна” за 0,7 проценти, референтниот индексот на Токиската берза ослабел за 0,6 проценти, а пад забележале и берзите во Хонг Конг, Австралија и Тајван.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП