27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајдобрите нискобуџетни авиокомпании во светот

Најдобрите нискобуџетни авиокомпании во светот

easy-jet-boarding

Авионските билети многу често се најскапиот дел од вашиот одмор. За тоа се повеќе популарни стануваат нискобуџетните авиокомпании. Еве листа од 12-те авиокомпании со најниска цена во светот, сепак не се овие единствените авиокомпании има и многу други кои нудат евтини билети.

JetBlue Airways

Имаат удобни кожени седишта и ТВ екран пред секое место.

Летаат до: Компанијата е американска и освен домашните летови, летаат од САД до Карибите, некои градови во Мексико, Централна и Јужна Америка.

Southwest Airlines

Позната со најдобра услуга и нудат избор на место во авионот.

Летаат до: од САД до Насау, Бахами, Порторико, Доминиканска Република, Јамајка, Мексико.

WestJet

Оваа компанија ја поврзува Канада со САД, Мексико и Карибите. Основана е во 1996-та година и од тогаш заработила многу награди.

LAN

Преферирана е од Американците за летови до Јужна Америка. Секое седиште има ТВ екран, 42 ТВ канали, 25 игри и може да изберете музика од над 1000 музички албуми и 10 радио станици.

Летаат до: од Мајами до секој голем град во САД и Канада, како и до Лима, Сантјаго, Буенос Аирес, Монтевидео, Перу, Чиле, Богота, Аргентина и др.

IcelandAir

Исландската компанија лета од Њујорк, Бостон, Вашингтон, Орландо, Минеаполис, Денвер, Сиетл, Халифакс и Торонто до 25 големи европски градови, се разбира вклучувајќи го и Рејкјавик.

Aer Lingus

Основана е во 1936-та година за летови меѓу островот Емералд и Велика Британија, но денес е национален авиопревозник на Ирска. Има 43 авиони и опслужува над 10 милиони патници годишно. Нуди многу опции за забава за време на летот, како филмови, музика, бесплатен интернет и сл.

Лета до: големи градови во САД, Канада, како и Велика Британија, Порторико, Сиднеј, Мелбурн, Куала Лампур, Абу Даби, Оман, Мароко и Канарските острови.

EasyJet

Ова е најголемата авиокомпанија во Велика Британија. Лета до 30 држави на 600 дестинации. Опслужува над 59 милиони патници годишно. Ги нуди едни од најевтините летови во Европа.

Дестинации: многу градови во Велика Британија и Европа, многу градови во Источна Европа, како и Мароко, Турција, Израел, Кипар, Јордан, Египет.

RyanAir

Летовите се евтини, но мора да се внимава на дополнителните трошоци. Меѓу „скриените трошоци“ се таквите за купување на билет со кредитна картичка, резервација на точно избрано место, компанијата дури размислуваше да наметне такса за тоалет.

Дестинации: многу градови во Европа, како и Мароко, Кипар, Канарските острови.

FastJet

Ова е нискобуџетна компанија од Африка каде домашните летови почнуваат од 20 долари во една насока. Во авионот сепак не се нуди храна и пијалаци. Надоместоците за багаж се 6 долари за еден куфер.

Дестинации: од три меѓународни аеродроми во Танзанија летаат до Килиманџаро, Занзибар, Уганда, Кенија.

Hawaiian Airlines

Од Њујорк до Хаваи може да лета за цени почнувајќи од 400 долари за билет во двата правци.

Дестинации: Хонолулу е главна појдовна точка. Од таму се лета до други аеродроми на Хаваите, како и до Филипини, Јапонија, Тахити, Сингапур, Австралија.

JetStar

Ова е најпознатата нискобуџетна компанија во Австралија.

Дестинации: до Јапонија, Тајван, Виетнам, Тајланд, Камбоџа, Сингапур, Малезија, Фиџи, Нов Зеланд, Филипините.

Tiger Airways

Многу удобен превозник за патување меѓу големите градови во Азија. Опфаќа 50 дестинации во 13 земји во азиско-пацифичкиот регион.

Дестинации: градови во Австралија, Тасманија, Индонезија, Индија, Камбоџа, Тајланд, Тајван, Кина, Сингапур, Макау.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП