25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНов извор на заработувачка – опседнати куќи

Нов извор на заработувачка – опседнати куќи

kuki

Пазарот за недвижнини во Хонг Конг доживеа голем бум, што беше добро за многу инвеститори, но не и за човекот кој е експерт за продажба на „опседнати“ куќи.

Гон Лау или „Кралот на опседнати недвижнини“, во последните десет години откупувал опседнати куќи, кои се продавале со голем попуст.

За опседнатите куќи се верува дека нивниот сопственик не починал од природна смрт, поради таа причина, Гон Лау ги купувал опседнатите куќи со 15 до 20 проценти попуст, или според пресметките на Лау, дури и со 33 проценти попуст, со што потоа одлично профитирал, продавајќи ги на странци кои се помалку суеверни од локалното население.

Куќите во кои се случиле убиства и други злосторства е тешко да се продадат во Америка. Меѓутоа, за сега, законот не ги обврзува продавачите да им го откријат „присуството на духови“ на потенцијалните купувачи.

Еден веб сајт за недвижнини им помага на клиентите, така што проверува дали живеат во област која се смета за опседната подолго време.

Тие, всушност го анализираат инвентарот во куќите кои се напуштени и ја анализираат причината поради која последните газди си заминале од неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП