11 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако изгледа Словенија после 15 години живот во Европска Унија?

Како изгледа Словенија после 15 години живот во Европска Унија?

После 15 години живот во Европската унија, Словенија има 268.039 приклучоци на канализациона мрежа, а пред да влезе во Унијата имала 171.555. Речиси сто илјади повеќе. Можеби тоа има призвук на иронија, но статистиката покажува дека Словенија после децении и искуство во Европската унија е навистина подобро место за живеење.

Просечниот животен век на мажите пораснал од 73,48 на 78,05 години, додека кај жените растот е нешто помал од 81,08 на 83,66. Бројот на деца во градинките скокнал од 54.815 на 86.703, односно од 61.4 проценти на дури 80.4.

Скоро двојно се зголемил бројот на старт-ап компании, а вкупниот број на различни настани во културните институции кои се зголемил од 12.400 на 22.183 секако не е само прашање на цивилизациски момент. Во споредбата со тоа скокнала и на посети на културни настани од 2.683.404 на 4.358.382.

А “суровата” економска статистика вели дека БДП по глава на жител од 13.900 е зголемен на 22.182 евра, а просечната нето плата од 701,90 на 1,092.74 евра.

Вработеноста се намалила од 6,3 на 5,1 проценти, а и извозот и увозот паралелно се скоро тројно зголемени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП