22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на биткоинот надмина 7.000 долари

Цената на биткоинот надмина 7.000 долари

Вредноста на биткоинот на берзата “Bitstamp” скокна за 1,1 отсто на 7,056 долари, што е највисоко ниво од почетокот на август минатата година, пренесува Ројтерс.

Цената на биткоинот се “катапултираше” за 14 отсто во саботата, што e втор најголем дневен скок на криптовалутата за оваа година.

Дејвид Томас од британската брокерска куќа за криптовалути “Global Block”, вели дека минататонеделното пробивање на клучниот праг од 6.000 долари го разбуди интересот за биткоини меѓу инвеститорите.

Вредноста на биткоинот беше речиси двојно зголемен оваа година, откако минатата година загуби околу три четвртини од вредноста, поради воведувањето на построги регулативи ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП