27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПобуна на Себастијан Курц: Правда за шницлата и помфритот

Побуна на Себастијан Курц: Правда за шницлата и помфритот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц две недели пред изборите за Европскиот парламент, предизвика бура реакции, најавувајќи дека сака да поништи дури 1.000 правила на ЕУ.

Курц, во интервју за виенскиот весник “Österreich”, изјавил дека е доста од “лудилото на регулативи на ЕУ”, како е и доста со “наметнување правила” од Брисел.

Истакнал дека целта е да се избришат 1000 правила на ЕУ, како што е непотребно правилоти за шницли или помфрит, кој Брисел ги одредува како треба да изгледаат овие намирници.

“На никој не е потребно Брисел да пропишува како да се спреми шницла”, нагласил Курц, додавајќи дека ЕУ треба да се занимаваат со одговори на големите предизвици како што се заштита на надворешните граници, безбедност или климатските промени.

Според неговите зборови проектот за мир во Европа се повеќе станува “тесен бирократски простор” за граѓаните.

Изразил уверување дека кандидатот на Европската народна партија EVP, Манфред Вебер, ќе успее да ја оствари својата цел – намалување на бирократијата во Брисел.

Курц нагласил дека е неопходно, ако сака да придобие поддршка од граѓаните во ЕУ, ​​да го спречи бирократското наметнување од Брисел.

Неговото барање наиде на жестоки критики од опозицијата, која оценила дека канцеларот е против ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП