6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредизвиците на ЕУ се климата и миграцијата, велат граѓаните

Предизвиците на ЕУ се климата и миграцијата, велат граѓаните

За Германците животната средина е најважното прашање пред европските избори, а во вкупно осум земји каде што била спроведена анкетата тоа е миграцијата. Германците се далеку најскептични според Соединетите Држави.

Пред европските, избори германските граѓани сметаат дека заштитата на животната средина е најважната тема, покажало истажувањето на институтот YouGov, кој во понеделникот го објави весникот Velt и уште седум други европски медиуми. Дури 34 проценти од Германците рекле дека прашањата за животната средина и климата се меѓу ,,најголемите предизвици за иднината на ЕУ”.

Во анкетата во која може да се заокружат повеќе одговори, за Германците на второ место е миграцијата со 32 проценти, безбедност и мир (26 проценти), државни долгови (23), стабилноста на еврото (18), енергетската политика (12), бирократија и недостаток на транспарентност (11), невработеност (10), човекови и граѓански права (9), дигитализација (9).

На ниво на сите осум земји опфатени со истражувањето – Полска, Шпанија, Белгија, Шведска, Унгарија, Франција и Италија прашањето за миграцијата е на првото место, а животната средина на второ.

Германците се убедливо први по ставот дека “САД не е сигурен партнер на Европската унија во безбедноста” – дури 68 проценти од Германците го потпишале ова тврдење. Следни се Швеѓаните (52), Французите (49) и Белгија (47), додека најмалку уверени се Италијанците (38) и Унгарците (29).

Русија се смета за “закана” најмногу во Полска (57 проценти) и Шведска (56), додека оваа изјава е потпишана од 37 проценти од Германците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП