7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА''Меј да одреди датум кога ќе си замине''

”Меј да одреди датум кога ќе си замине”

Британската премиерка Тереза ​​Меј мора да одреди датум за заминување челната позиција на Конзервативна партија до следниот состанок со лидерите на влијателната парламентарната група на конзервативци, “Комитетот 1922”, пренесува Reuters.

Претседателот на “Комитетот 1922″, кој, како што се наведува може да ”создаде или уништи” партиски лидери, Грејам Брејди, изјавил за радио BBC дека на Меј и е кажано до состанокот во среда дека мора да одлучи за датумот на заминување од целата владеачка партија.

Се наведува дека таа ветила дека ќе поднесе оставка ако пратениците не го поддржат договорот за напуштање на Европската Унија која го постигнала со Брисел. Премиерката доживеа тежок пораз во трите обиди за нејзиниот предлог за договор да добие подршка во парламентот.

Се наведува дека е поразена од делата на членовите од нејзината партија кои сакале комплетен прекин со Брисел или од оние кои сакаа друг референдум. Брејди, шефот на групата кој го надгледува партиското водство, изјавил дека смета дека Тереза ​​Меј не сака да одреди датум поради влијанието што ќе го има врз идното гласање за Брегзит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП