Во тој износ 600 милиони долари биле земени од американските војници во Авганистан.
Американскиот министер за одбрана, Патрик Шанахан, го одобрил префрлањето од 1,5 милијарди долари за изградба на повеќе од 130 километри ѕид на границата со Мексико, а во тој износ и околу 600 милиони долари се одземени од сметката наменети за силите во Авганистан.
На овој потег во Конгресот се спротивставиле демократите кои во март критикувале за префрлување милијарди долари за финансирање на ѕидот.
“Средствата се собрани од разни извори, вклучувајќи заштеди на трошоците, програмски промени и ревидирани барања затоа што ќе имаат минимално влијание врз подготвеноста на силите”, наведува Шанахан во соопштението.
Демократите против одлуката
Американските сили имаат повеќе од 4.000 војници на границата и 19 авиони.
Сите десет демократски застапници кои се членови на разни поткомитети за одбрана се спротивставиле на одлуката на Шанахан.
“Жалиме што Одделот одлучи да даде приоритет на исполнување на ветувањата направени од предизборната кампања пред исполнувањето на потребите на нашите војници”, наведуваат.