4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Само Грција е полоша од Хрватска“

„Само Грција е полоша од Хрватска“

hrvatska1

Многу влади и граѓани на Европската унија се внимателни кога станува збор за влезот на Хрватска во Унијата, пишува Фајненшл Тајмс

Се додава дека станува збор за уште една слаба јужноевропска економија, чија најголема индустрија е туризмот.

Хрватска неколку последователни години е во рецесија, по што пред неа во ЕУ е само Грција. Невработеноста во Хрватска е близу 20 проценти, а меѓу младите околу 50 проценти, пишува весникот.

Весникот нагласува дека разочарување по влезот на Романија и Бугарија во ЕУ придонел фактот што пристапните преговори со Хрватска се толку обемни и исцрпувачки.

Сепак, како што е наведено во текстот, борбата против корупцијата се покажала како ефикасна во Хрватска, а врв на тоа е апсењето на поранешниот премиер Иво Санадер.

Со преместувањето на хрватските производствени погони преку граница, со цел да се избегнат царинските давачки, може да дојде до губење на работните места во Хрватска.

Во најдобар случај Хрватска ќе тргне по патот на Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, каде се случија „поплави“ од инвестиции во производството. Хрватска влегува во ЕУ во средината на најголемиот пад на економијата во текот на последните неколку децении, така што тешко е да се очекува дека ќе го постигне нивниот успех.

Влезот на Хрватска би можел да ги охрабри земјите од регионот, но некои аналитичари предвидуваат дека би можело да дојде и до нестабилности во БиХ, со оглед на тоа дека многу тамошни државјани со хрватски пасоши ќе ги остварат своите европски права, додека останатите нема.

Се очекува дека Србија, во најдобар случај, би можела да стане членка на ЕУ дури по 2020 година, додава Фајненшл тајмс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП