27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтипендии за македонските студенти за постдипломски студии во Грција од ОКТА и...

Стипендии за македонските студенти за постдипломски студии во Грција од ОКТА и Хеленик Петролеум

Македонските студенти имаат можност да добијат целосни стипендии од ОКТА и од Групацијата Хеленик Петролеум за постдипломски студии во Грција. Стипендијата, покрај  школарината на факултетите, ги покрива и животните трошоци на студентите во Грција, во висина од 1.000 евра месечно.

Конкурсот за добивање стипендии, којшто е веќе отворен за аплицирање се однесува на Постдипломската програма Енергија: Стратегија, право и економија на Универзитетот во Пиреја, како и за Постдипломските студии по нафтен инженеринг на Техничкиот универзитет на Крит. Соодветно на профилот на постдипломските програми, на конкурсот може да аплицираат студенти од Машинскиот, Технолошко – металуршкиот, Природно – математичкиот, Правниот и Економскиот факултет. Пристигнатите апликации ќе ги оценуваат стручни комисии на универзитетите, кои ќе одлучат кои студенти ќе ги добијат стипендиите. Рокот за аплицирање за двете програми истекува на 31 мај 2019 година.

Двете постдипломски програми нудат едукација преку иновативни методи, коишто вклучуваат семинари, едукативни посети, истражувачки проекти поврзани со енергетскиот пазар и нафтената индустрија во и надвор од Грција, со посебен акцент на поширокиот Балкан и Југоисточна Европа, каде е активна Групацијата Хеленик Петролеум. Со тоа, стипендиите претставуваат одлична можност за амбициозните студенти да го продолжат образованието и да го надградат своето теоретско и практично знаење на истакнати универзитети во Грција. Истражувањата и предавањата на двете постдипломски програми во целост се одвиваат на англиски јазик.

Програмата на ОКТА и Хеленик Петролеум за стипендирање македонски студенти, започна пред две години и ова е третпат компаниите да стипендираат постдипломски студии на престижни универзитети. Главната цел на Групацијата и спроведувањето на оваа програма е инвестирање во образование и обука на студентите, со цел да се стекнат со поширока научна основа од областа на нафтената индустрија и енергетскиот сектор.

Повеќе информации за конкурсот и за студиите се достапни на линкот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП