9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗатворено подрачјето околу Нотр Дам! Паника поради олово

Затворено подрачјето околу Нотр Дам! Паника поради олово

Топењето на покривот на Нотр Дам оставил астрономски високо ниво на олово на плоштадот пред катедралата и на околните улици.

Париската полиција денеска соопштила дека нивото на олово од покривот е помеѓу 10 и 20 грама на килограм земја, што е 32 до 65 пати повеќе од нивото препорачано од француските здравствени власти, коe изнесува 0,3 грама за килограм.

Подрачјето на најблиската катедрала е моментално затворенo, пренесува AP.

Најголема опасност претставува оловната прашина што може да ги покрие површините на блиските куќи и комерцијалните згради. Со цел да се избегне труење од олово, властите препорачале добро чистење со влажна крпа, а бремените жени и децата често да ги мијат рацете.

Стотици тони олово биле користени при изградбата на Нотр Дам, како и во црквената кула, која изгоре и се сруши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП