17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМогерини: Иднината на Балканот мора да биде приоритет

Могерини: Иднината на Балканот мора да биде приоритет

Шефицата на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, ги повикала, доаѓајки на самитот на ЕУ во Сибиу, лидерите на земјите членки, како приоритет да го разгледаат прашањето за иднината на Западен Балкан во Унијата.

“Верувам дека лидерите денес и во наредните години мораат да ја разгледаат иднината на Балканот во ЕУ како приоритет. Тоа е прашање и на нашиот економски просперитет како и безбедноста во регионот и на целата ЕУ”, изјавила Могерини.

Федерика Могерини, на нејзиното пристигнување на самитот на ЕУ 27 во Сибиу во Романија, кој е посветен на иднината на Унијата изјавила дека доаѓа од Тирана, каде што се состанала со лидерите на Западен Балкан.

“За мене, посебна е пораката дека процесот на интеграција во ЕУ има високо ниво на поддршка во земјите од Западен Балкан”, истакнала Могерини.

Таа додала дека е многу важно лидерите на ЕУ и земјите членки да се соберат на Денот на Европа и да го покажат своето единство и одлучност за зачувување на проектот на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП